ИСТАНБУЛ – Ертугрул Осман – кој веројатно би бил познат во Турција како “последниот отомански султан ” – почина во Истанбул на 97 години.
ИСТАНБУЛ – Ертугрул Осман – кој веројатно би бил познат во Турција како “последниот отомански султан ” – почина во Истанбул на 97 години.
Осман би бил султан на Отоманското царство доколку не беше создадена модерната турска република во 1920-тите години. Како последниот преживеан внук на султан Абдул-Хамид Втори тој би бил познат како Царско височество принц Шехзад Ертугрул Осман Ефенди. Роден во Истанбул во 1912 година Осман поголем дел од животот го поминал живеејќи скромно во Њујорк.
Тој имал 12 години и се наоѓал на училиште во Виена кога дознал дека неговото семејство е протерано од Мустафа Кемал Ататурк, војникот кој ја основаше модерната турска република од остатоците од старото царство. Осман конечно се преселил во Њујорк, каде што повеќе од 60 години живеел во стан над ресторан.
Секогаш инсистирајќи дека нема политички амбиции тој се вратил во Турција на почетокот на 90-тите години по покана на владата. За време на посетата бил во Долмабахшче – палатата покрај Босфор каде што тој играл како дете. Тогаш се приклучил на туристичка група за да избегне каков било публицитет.
Ертугрул Осман го надживеа неговата сопруга Зејнеп, роднина на последниот крал на Авганистан.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град