Почина лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ил

Средствата за масовно информирање во Северна Кореја денеска Ким Џонг-ун, најмалиот син и наследник на починатиот севернокорејски лидер Ким Џонг-ил, за прв пат го нарекоа „големиот наследник“, соопштија руски медиуми.

 |   | 
kim dzong il
Ким Џонг-ил

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил починал во саботата од физички и умствен премор, соопшти државната телевизија во оваа земја.

Средствата за масовно информирање во Северна Кореја денеска Ким Џонг-ун, најмалиот син и наследник на починатиот севернокорејски лидер Ким Џонг-ил, за прв пат го нарекоа „големиот наследник“, соопштија руски медиуми.

Овој превод вообичаено се употребува во однос на високите лидери на Северна Кореја, забележуваат агенциите.

kim dzong unСе претпоставува дека тоа е потврда дека Ким Џонг-ун веќе ги презел надлежностите на врховен шеф на земјата.

Инаку Јужнокорејскиот претседател Ли Мјун-бак повика за смиреност по смртта на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил.

– Тој го повика жителите на Јужна Кореја да продолжат со секојдневниот живот, изјави претставник на неговата канцеларија по вонредната седница во врска со смртта на Ким Џонг-ил.

Ли Мјун-бак и неговиот американски колега Барак Обама преку телефон разговараа за смртта на Ким Џонг-ил.

Тие се договорија тесно да соработуваат во насока на контролирање на ситуацијата по ненадејната смрт на севернокорејскиот лидер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top