Почина Анте Марковиќ, последниот премиер на СФРЈ

Некогашниот и последен претседател на Сојузниот извршен совет на СФРЈ Анте Марковиќ почина на 87-годишна возраст во Загреб.

 |   | 
Ante Markovic
Ante Markovic

Некогашниот и последен претседател на Сојузниот извршен совет на СФРЈ Анте Марковиќ почина на 87-годишна возраст во Загреб.

Ante Markovic

Кон крајот на 1989 година покрена економски реформи за стабилизирање на динарот, како и приватизација по пат на доделување акции на работниците. Резултатот од реформите беше спречување на инфлацијата, која зема замав во текот на 80-тите години од минатиот век, како и брзо и значајно, иако кратко, зголемување на животниот стандард. Тоа во тој момент го направи Марковиќ еден од најпопуларните политичари во југословенската историја.

Својата популарност тој му ја должеше на својот имиџ на нов, модерен политичар со западен стил. Исто така, популарноста ја одржуваше и со тоа што стоеше настрана од судирите во Сојузот на комунистите на Југославија и се обидуваше да посредува во конфликтите меѓу некои југословенски републики.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top