Познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ почина на 75 годишна возраст, а веста за неговата смрт ја потврдил неговиот син.
Познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ почина на 75 годишна возраст, а веста за неговата смрт ја потврдил неговиот син.
Лане пред повеќе од една недела беше примен на Воено-медицинската академија поради проблеми со дишењето, но тестот за коронавирус бил негативен. Неговата здравствена состојба нагло се влошила, по што актерот бил приклучен на респиратор поради проблеми со белите дробови. Докторите претпоставуваат дека тоа било последница од прележан Ковид-19.
Милан Лане Гутовиќ својата популарност ја стекна по познатата улога на директорот Среќко Шојиќ во серијалот филмски комедии „Тесна кожа“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град