По падот на Фејсбук, богатството на Цукерберг се топи

Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг сега е на петтото место на листата на милијардери на Форбс, а неговото богатство се топи речиси во реално време.

 |   | 

Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг сега е на петтото место на листата на милијардери на Форбс, а неговото богатство се топи речиси во реално време.

Тој за само неколку часа изгубил 6,6 милијарди долари поради прекинот со работа на Фејсбук, Инстаграм и Whatsapp.

Да потсетиме, популарните апликации на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Whatsapp престанаа да работат околу 17 и 30 часот. Ова е еден од најголемите и најдолгите прекини на нивната работа откако тие постојат. Од Фејсбук преку Твитер објавија дека работат на решавање на проблемот.

По падот на Фејсбук, Инстаграм и Whatsapp се појави информација дека личните податоци на повеќе од 1,5 милијарди корисници на Фејсбук се продаваат на хакерски форуми, што ќе им овозможи на сајбер криминалците и огласувачите да влијаат на корисниците на Интернет на глобално ниво.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top