Американското Министерство за одбрана има намера да отвори 20.000 нови работни места во јавниот сектор во рамки на напорите да се реорганизира начинот на купување оружје за армијата во вредност од 100 милијарди долари годишно, соопшти денеска заменик министерот за одбрана Вилијам Лин.

Овој план ќе се оствари во наредниот петгодишен период.
Повеќе од 9.000 нови работни места ќе бидат отворени во две постојни агенции на Пентагон кои вршат ревизија и договарање воени набавки, почнувајќи од куршуми до бомби и храна за војската, јавија светските агенции.
Останатите 11.000 работни места ќе ги добијат цивили, кои до сега ги изведуваа договорачите од воената индустрија. Цивилите ќе работат од своите домови, што, гладано на подолг период, ќе биде многу поефтино отколку тоа да го прават договарачите од воената индустрија.
Мерките се обид на администрацијата на Барак Обама да ги намали буџетските трошоци преку искоренување на праксата за купување на оружје да се плаќа повеќе отколку што првично било планирано, што новиот претседател го вети во февруари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град