Партиите на десниот центар победија на изборите на ЕП

Партиите на десниот центар убедливо победија на изборите за Европскиот парламент(ЕП) пред социјалистите и либералите, покажуваат првичните резултати по соопштени синоќа во Брисел.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Партиите на десниот центар убедливо победија на изборите за Европскиот парламент(ЕП) пред социјалистите и либералите, покажуваат првичните резултати по соопштени синоќа во Брисел.

Европската народна партија(ЕНП), група што ги обединува демохристијаните и народните партии, би требала според новите проценки објавени нешто пред полноќ да има меѓу 267 и 271 од вкупно 736 пратеници во ЕП. Во претходниот состав ЕНП имаше 288 од 785 пратеници.

Овој резултат е дотолку добар бидејќи е остварен без британските конзервативци, кои ја напуштија оваа група, а во која во претходниот состав имаа 27 пратеници, како и чешките пратеници од Граѓанско-демократската партија, кои во претходниот состав ги имаше 14.

logoИако останаа втора по сила политичка група во ЕП, европските социјалисти(ПЕС) всушност се губитници кои би требало да имаат меѓу 157 и 161 пратеник. Во претходниот состав имаа 217 пратеници.

На трето место се либералите со 80 до 82 пратеници(претходно имаа 100), додека на четврто место се Зелените со 53 пратеници(претходно 43).

Потоа следат комунистите од Обединетата европска левица, како и евроскептиците од Унијата за Европа нација, секој со по 35 пратеници.

За формирање на пратеничка група во ЕП треба да се има најмалку 25 пратеници од најмалку седум земји членки.

Шефот на пратеничката група на европските социјалисти во досегашниот состав Мартин Шулц изјави дека „ова е тажна вечер за европската социјалдемократија“.

Социјалдемократите доживеаја тежок пораз во Германија, исто како и социјалистите во Франција.

На изборите за ЕП излегле само 43,39 отсто од гласачите, што е рекордно низок одзив.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top