Парламентарните избори што во Албанија се одржаа кон крајот на јуни, имаа прогрес, но не ги исполнија највисоките стандарди.
Парламентарните избори што во Албанија се одржаа кон крајот на јуни, имаа прогрес, но не ги исполнија највисоките стандарди.
Ова е оценката на набљудувачката мисија на ОБСЕ, објавена во завршниот извештај за изборите во Албанија.
Прогрес е забележан во однос на евидентирање на гласачкото тело, процесот на идентификација на избирачите, законската регулатива и денот на гласањето.
Но сепак забележана е и политизација на изборниот процес, блокирање на броењето на гласовите во неколку изборни зони и слично.
Во извештајот се наведува и дека не се евидентирани манипулации со гласовите.
Мисијата на ОБСЕ албанските избори ги набљудуваше со над 400 свои активисти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град