Папата се извини за сексуалната злоупотреба од ирските свештеници

Папата Бенедикт 16-ти се извини на децата жртви на  сексуална злоупотреба од католички свештеници во Ирска.

 |  Маја Савиќ  | 
Benedikt 16
Бенедикт 16

Papa Benedikt 16Папата Бенедикт 16-ти се извини на децата жртви на  сексуална злоупотреба од католички свештеници во Ирска.

Во свештеничко писмо до Ирските католици, Папата пишува дека признава чувството на изневереност од Црквата почувствувано од жртвите и нивните семејства.
Папата во писмото вели дека имало “сериозни грешки“ меѓу бискупите во реакциите при наводите за педофилија.

Писмото е прва јавна изјава од Ватикан за сексуалната злоупотреба на деца со децении наназад. Тоа доаѓа откако беа откриени случаи на педофилија меѓу ирските католички свештеници, што ја потресоа Црквата.

Скандали кои вклучуваат католички свештеници се пријавени и во други земја, вклучувајќи и роднина на Папата во Германија.

Според Папата, виновните за злоупотребата мора “да одговараат пред Бога и пред соодветните уставни судови за грешните и криминални дела што ги извршиле“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top