Римокатоличкиот поглавар Бенедикт Шеснаесетти вчера на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан последен пат им се обрати на над повеќе десетици илјади насобрани верници.
Римокатоличкиот поглавар Бенедикт Шеснаесетти вчера на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан последен пат им се обрати на над повеќе десетици илјади насобрани верници.
Презедов тежок товар кога дојдов на оваа функција во 2005 година, но Бог ме водеше и го чувствував неговото присуство секој ден. Верувам во иднината на црквата. Се повлекувам за нејзино добро, а не за свое – порача папата Бенедикт Шесенасетти.
Тој претходно јасно порача дека се повлекува во мирен живот, исполнет со молитви и со медитирање, но се смета дека во Ватикан и понатаму ќе биде многу присутен, бидејќи неговиот дом се наоѓа веднаш до влезот во ватиканското радио. Во своето последно обраќање папата ги повика верниците да имаат храброст за носење тешки и болни одлуки.
Бенедикт Шеснаесетти е првиот папа во изминатите 600 години што поднел оставка на функцијата поглавар на Римокатоличката црква.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град