Папандреу поднесе оставка

Лидерот на ПАСОК, Јоргос Папандреу, официјално поднесе оставка на функцијата претседател на партијата.

 |   | 
Andeas Papandreu
Андреас Папандреу

 

Лидерот на ПАСОК, Јоргос Папандреу, официјално поднесе оставка на функцијата претседател на партијата.На негово место, како што се очекува, ќе биде избран актуелниот министер за финансии Евангелос Венизелос.

parlament“Донесов тешки одлуки. Тие можеби скапо ме чинеа политички, но вредеа за трудот”, изјави Папандреу, кој само ја потврди оставката најавена во ноември минатата година, кога беше избрана нова коалициска влада. Партиските избори ќе бидат на 18 март, а Венизелос само кусо рече дека пред ПАСОК е тешка мисија за обнова на Грција”.

На партискиот собир во Атина имаше и инцидент откако пензионер, член на партијата, кој одел со помош на штаки, фрли јогурт врз Папандреу.На 15 април предвремени избори за парламентот во Грција.Предвремени парламентарни избори во Грција ќе бидат организирани на 15 април, изјави вчера Андонис Самарас, лидер на Нова демократија, која е дел од владејачката коалиција.

parlament“Изборите ќе се одржат веднаш по празникот Велигден”, изјави Самарас на партиска седница. Тој нагласи дека целите во изминатите пет месеци се постигнати, укажувајќи на зделката за размена на обврзници со што ќе бидат отпишани 105 милијарди евра од грчкиот национален долг.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top