Папата стана твитерџија

Апостолите и без Twitter и Ipad ja раширија божјата промисла но изгледа на понтифот му треба малку помош.

 |  Маја Савиќ  | 
papa na twitter
papa na twitter

Папата Бенедикт XVI преку својот прв твит ги информираше следбениците (и оние верските и оние твитерџиските) дека Светата столица има нов портал на кој ќе објавуваат информации за Ватикан.

Бенедикт XVI самиот го објавил новиот сајт преку iPad, а неколку моменти потоа го испратил и својот прв твит, кажа Тадеус Џонс, координатор на проектот за поврзување на Ватикан со социјалните мрежи.

papa na twitter

Twitter профилот и новата страница се дел од обидите на Ватикан да ги доближи христијанските учења до поголема публика, односно да привлече нови верници од младата интернет генерација. Овој чекор следува по обидите со Facebook и YouTube профилите, но освен „Like“ понтифот сака да добива и „Retweet“.

Според координаторот Џонс, 84-годишниот понтиф бил заинтересиран и импресиониран од можностите на новиот портал и од модерната технологија.

Објавувањето на новиот портал и Twitter профилот се поклопуваат со денешниот 60-годишен јубилеј од прогласувањето на Бенедикт за свештеник.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top