Папата Бенедикт 16-ти во посета на Блискиот исток

Римокатоличкиот поглавар, папата Бенедикт 16 денеска ја започнува историската посета на Блискиот исток.

 |  Крсте Голабовски  | 
Папа
Papa

Римокатоличкиот поглавар, папата Бенедикт 16 денеска ја започнува историската посета на Блискиот исток.

„Со нетрпение очекувам да бидам со вас и да ги споделам со вас, вашите копнежи и надежи, подеднакво исто да ги споделиме и вашите болки и битки“, изјави Папата, пред поаѓањето.

PapaТурнејата по земјите од Блискиот исток, што ќе трае до 15 мај, папата ја започнува со посета на Јордан, во знак на почит кон „верската коегзистенција во земјата“.

На мапата на турнејата е и Израел, посета која аналитичарите оценуваат дека се случува во многу чувствителен момент, по израелската воена офанзива на Газа, но и контроверзите кои сам ги поттикна, а се однесуваат на Евреите и Муслиманите.

За безбедноста на Папата Бенедикт 16, се задолжени осумдесет илјади полицајци и цивилни агенти.

Бенедикт Шеснаесетти е третиот папа, кој ги посетува Светите земји, по историските посети на римокатоличкиот поглавар Павле Шести во 1964 година и на Јован-Павле Втори во 2000 година.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top