Една недела по нападите во Мумбај, паника ги зафати денеска главните аеродроми во Индија поради закана за нови терористички напади.
Една недела по нападите во Мумбај, паника ги зафати денеска главните аеродроми во Индија поради закана за нови терористички напади.
Властите тврдат дека пред неколку дена добиле е-маил со предупредување за евентуални напади врз аеродроми со земање на заложници, а можни се и киднапирања на авиони.
Во електронската пошта се наведува и датумот 6 декември, на кој пред 16 години индуистички екстремисти урнаа џамија во Северна Индија, по што започнаа судирите меѓу индуистите и муслиманите.
Поради заканите, властите максимално го зголемија нивото на безбедност на сите аеродроми во западниот дел од земјата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град