Паника на улиците во Охајо – од фарма избегале лавови, тигри и мечки

Сопственикот на фармата бил пронајден мртов, а сите кафези во кои биле дивите животни биле отклучени.

 |   | 
lav
lav

Десетици предатори биле меѓу егзотичните животни кои вчера побегнале од фарма во Занесвил на истокот на сојузната американска држава Охајо. Сопственикот на фармата бил пронајден мртов, а сите кафези во кои биле дивите животни биле отклучени.

“Таму имаше гризли и мали црни мечиња, гепарди, лавови, тигри. Имаше и други животни како волци и жирафи и камили, но најмногу не загрижуваат големите мачки, тигрите и мечките“, изјавил шерифот Мет Луц.

Властите примиле голем број на телефонски повици од исплашените жители во текот на вечерните часови. Некои од жителите ги забележале животните како слободно се шетаат на улица.

Откако пристигнале на фармата и го пронашле мртов сопственикот, кафезите отворени, полицијата убила околу 25 диви животни кои се уште се движеле околу фармата.

На помош ги повикале и вработените во блиската зоолошка градина во Колумбус.

Училиштата во околината и денеска ќе останат затвоирени, а полицијата ги замолила граѓаните да не излегуваат од куќите додека трае “ловот на дивите животни“.

Причината за смртта на сопственикот ќе биде позната по обдукцијата.

{loadposirion content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top