Владините сили на Пакистан започнаа денеска копнена офанзива против талибанските бунтовници и Ал Каеда во покраината Јужен Вазиристан, на границата со Авганистан.
Владините сили на Пакистан започнаа денеска копнена офанзива против талибанските бунтовници и Ал Каеда во покраината Јужен Вазиристан, на границата со Авганистан.
Ова го соопшти висок претставник на пакистанските власти, кои што непосредно пред почетокот на офанзивата воведоа полициски час во покраината.
Лидерите на политичките партии, демонстрирајќи единство, вчера на војската и’ изразија целосна поддршка во искоренувањето на милитантите и враќање на државната власт во бунтовничките региони.
Војската пред почетокот на офанзивата соопшти дека за напад на околу 10 илјади талибанци се подготвени 28 илјади војници.
Непосредно пред отпочнување на офанзивата, Јужен Вазиристан го напуштија најмалку 80 илјади луѓе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град