Фев 22, 2013

Коронавирусот сее страв низ светот

  Во Саудиска Арабија почина еден човек заболен од новиот вирус на САРС со што бројот на смртни случаи од таа болест во светот е зголемен на седум, соопшти Светската здравствена организација.Саудискиот министер за здравство ги известил СЗО дека пациентот кој бил хоспитализиран на 29 јануари починал на 10 февруари, се додава во соопштение на СЗО. Лабораторија соопшти на 18 февруари дека еден човек починал од новиот коронавирус или NCoV.Досега СЗО добиле 13 пријави за случаи на зараза со тој вирус откако за првпат беше откриен во средината на минатата година. Три случаи беа регистрирани во Са…

Фев 21, 2013

По Борисов, паѓа и владата

Во Бугарија продолжија протестите и по оставката на премиерот Бојко Борисов и неговиот кабинет.Демонстраните го изразија своето незадоволство поради високите цени на струјата и странските монополи. Бугарските граќани синоќа во центарот на Софија повторно го изразија незадоволство од поскапувањето на струјата, и покрај вчерашната оставка на бугарската Влада на премиерот Бојко Борисов.Учесници на протестите, како што јави БТА, изјавиле дека не сакаат предвремени избори „кои би ги довеле на власт луѓето што управуваа со државата во последните 23 години“, туку дека сакаат само „пониски цени за …

Фев 21, 2013

Петмина мртви во пад на авион во Источна Џорџија

Пет лица загинале, а две се повредени кога мал авион ја прелетал пистата и се срушил на аеродромот во источна Џорџија, изјавил локалниот шериф.Во авионот се наоѓале седум лица од кои двајцата преживеани се префрлени во болница, а идентитетот на загинатите ќе биде откриен откако ќе бидат известени нивните семејства.Портпаролката на Федералната авио-администрација Кетлин Берган во електронското писмо до медиумите навела дека авионот се срушил околу 20.30 часот на аеродромот во областа Томсон Мекдафил.{loadposition content9}

Фев 20, 2013

Бугарскиот премиер поднесе оставка

Бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека ГЕРБ дошле на власт со волјата на луѓето и дека на истиот начин повторно ќе ја бараат довербата од народот. Бугарскиот премиер Бојко Борисов од трибината на парламентот изјави дека на седницата на министерскиот совет, која ќе се одржи денеска на пладне, најави дека ќе поднесе оставка на Владата. Борисов рече дека ГЕРБ дошле на власт со волјата на луѓето и дека на истиот начин повторно ќе ја бараат довербата од народот. Тој беше категоричен дека вчера Владата направила максимум, за да одговори на барањата на демонстрантите и дека повеќе од ова не мо…

Фев 20, 2013

Ќе остане ли Рим без Колосеум?

На Колосеумот, една од најпознатите градби во светот и симбол на италијанската престолнина, му се заканува опасност да се сруши, доколку властите го реализираат својот план во негова близина да изградат метро-станица, предупредува здружението за заштита на културното наследство “Наша Италија“.Според зборовите на претседателот на ова здружение, Карло Рипа ди Меане, поради ископувањата во непосредна близина на Колосеумот, темелите на таа градба би можеле да попуштат.Меане и неговото здружение бараат од судот да се забрани изградбата на станицата на метрото кај Колосеумот, доколку тоа претходн…

Мар 12, 2017

Протерана турска министерка од Холандија

Холандската полиција, во текот на ноќта, ги растера демонстрантите, приврзаници на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, од пред турскиот конзулат во Ротердам. Тие протестираа откако на турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Каја и беше оневозможен пристап до тој објект. Министерката потоа беше протерана од Холандија и со придружба на полиција доведена до границата со Германија. Градоначалникот на Ротердам доцна вечерва прогласи вонредна состојба во обид да ги спречат протурските демонстрации пред конзулатот, кој се претвори во жариште на влошување на односите меѓу Холандиј…

Фев 15, 2013

Метеорски дожд во Русија, стотици повредени

Руските медиуми јавија дека најмалку еден метеорит паднал во Чељабинск на 1500 килиометри источно од Москва. При тоа, над 400 луѓе биле повредени од парчиња скрешеното стакло кои се распрснале како последица на експлозијата. Владимир Степанов, шеф на рускиот кризен штаб на министерството за итни ситуации изјави: „Во 7 часот и 45 минути по локално време метеорски дожд падна над Урал кај регионите Курганск,Челабинск, Екатеринбург и Тиемен.“Нивото на радијација, според Степанов, е нормално и нема негативни последици врз сообраќајот или нуклеарните централи во тие региони.Руските власти соопшти…

Фев 14, 2013

Кој е во трка за папскиот престол?

Шеесет и четиригодишниот кардинал Петер Турксон од Гана, во медиумите во последните денови најчесто се споменува како кандидат за нов папа. Тој нагласува дека кој и да го наследи Бенедикт XVI ќе има мошне тешка задача.“Премногу би ми значело да станам нов папа. Доколку ме изберат тоа за мене ќе значи пред се’ лична промена. Иако како надбискуп имам голема одговорност ова се размери кои тешко може да се замислат“, рекол Турксон, додавајќи дека доколку биде избран ќе се држи цврсто до католичката доктрина, но и во исто време ќе се потруди на луѓето да им покаже како да живеат со верата во реа…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top