Американскиот бизнисмен Нејл Емилфарб и неговата “Stratex group” е новиот сопственик на марината во Будва.
“Stratex group” како што пренесуваат подгоричките медиуми, ја превзема будванската марина за износ од три милиони евра, а новиот сопственик ветил дека во развој ќе вложи уште 45 милиони евра.
Нејл Емилфарб е еден од главните инвеститори во резиденцијалниот комплекс на вили “Dukljanski vrtovi” во Завали.
“Stratex group” е еден од најголемите инвеститори во Црна Гора, и покрај вложувањата во Завали, инвестирала во многу проекти во Котор и Колашин.
Во САД бројот на заразени со коронавирус достигна 104.837 лица, со што ги надмина Кина и Италија и во моментов таму има најголем број заболени.Досега во САД починаа 1.711 лица од вирусот, а целосно заздравеа 894.
Американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека САД во наредните 100 дена ќе произведат 100.000 вентилатори неопходни за борбата против епидемијата со коронавирусот, јави „Ројтерс“.
Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио предупреди дека за Њујорк, кој е епицентар на заразата во САД, април ќе биде потежок од март, а мај потежок од април, и дека на градот ќе му биде потребна с…
Авион со 200 патници и екипажот бил грабнат на летот од Адис Абеба за Рим и принудно слетал во Женева, соопштила Швајцарската полиција. Сите патници се безбедни а леталото е во сопственост на Етиoпска авиокомпанија.
Како што е соопштено, уапсен е еден грабнувач, нема повредени а ситуацијата била под контрола.
Летот број 702 полетал од Адис Абеба околу 22.30 и требало да пристигне утрово околу 5.00 во Рим. Сепак авионот продолжил за Женева и слетал околу 6.00, а аеродромот во Женева бил веднаш затворен.
„Авионот принудно слетал, а слетувањео било безбедно. Сите 200 патници и екипажот се на с…
Ужива во сите аспекти на животот заработува огромни суми на пари, Кинескиот бизнисмен Женли Је Гон (51) кој има и мексиканско државјанство и поседува фармацевтски компании во кои се произведува состојки за метамфетамин, а додатен профит отстварува со криумчарење на дрога од Азија во Мексико во соработка со Синалоа картелот. Апсен е неколку пати, но сите обвиненија се повлечени.
Женли е роден во Шангај а 2002 година станал жител и на Мексико. На почеток неговиот имиџ бил угледен бизнисмен без кривично досие, меѓутоа брзо се покажало дека неговите бизниси се покажале сомнителни.
Кон крајот на…
Членот на Европскиот Парламент Јелко Кацин вели дека има информации дека постои додатна документација, вон Србија, во врска со атентатот на Зоран Ѓинѓиќ.
Кацин не сакал да одговори на прашањата за таа документација, но рекол дека немал увид во неа и дека добил вистински информации дека таа постои.
Тоа би можело да се искористи ако биде подигната нова истрага, рекол Кацин во интрвју за новосадскиот „Dnevnik”, не наведувајќи детали за таа документација.
Тој рекол дека „тој одговор мора да го даде самата Србија поради себе а не заради тоа што ЕУ го бара од неа“.
Владеењето на правото, потсетув…
Руски сателит кој денес влегол во атмосферата би можел да падне било каде на земјата, предупредуваат експертите.
Сателитот Космос-1220 е надвор од употреба и денес би требало да падне на Земјата. Не се знае каде точно треба да падне, но претставува сериозна закана, потврдуваат руските службеници, пренесува Daily Mail.
„Се очекува делови од сателитот да паднат на Земјата на 16-ти февруари“, рекол полковник Алексеј Золотукин.
Првично се очекува дека сателитот ќе падне некаде во Тихиот океан, но точното време на ударот и локацијата на која ќе падне може да се измени поради влијанието на надвор…
Полицијата објаснува дека во петокот дошла до сознанија дека одредени луѓе доведуваат во заблуда граѓани на Република српска и БиХ, барајќи им да уплатат пари на лажна фирма која наводно посредува за вработување во странство.
Бањалучката полиција е во потрага по измамниците кои преку интернет огласи измамила поголем број на граѓани во БиХ и Република Српска.
„Овие измамници по пат на огласи бараат работници од различни профили, од градежна и машинска струка, работници за работа во шума и слично. Од граѓаните бараат да уплатат одредена сума на пари по пат на WesternUnion или парите да ги ста…
Ел Нињо, глобалниот атмосферско-океански феномен е спремен да исфрли огромни количини на топлина во атмосферата.
Научниците веруваат дека 2014 година ќе биде најтоплата година во историјата на планетата Земја, и велат дека Ел Нињо претставува силен температурен бран кој има големо влијание на временските прилики и може да направи климатски хаос ширум цел свет.
Германските научници сметаат дека е можно прогнозирање на Ел Нињо една година унапред, меѓутоа, температурата на водата е под дејство на ветровите кои дуваат преку екваторот и затоа прогнозите се ограничени на шест месеци. Тие тврдат …