Социјалната мрежа Фејсбук е место каде им се овозможува на корисниците да разговараат за што сакаат, но се покажало дека луѓето многу пишуваат за оружје, па Фејсбук одлучил да се воведат некои ограничувања.
Социјалната мрежа е еден од најголемите пазари за оружје. „Имаме повеќе од 550 парчиња оружје и ни треба купувач“, е еден од огласите.
Под притисок на законот, фејсбук превземал одредени чекори за да се регулира продажбата на оружје на своите страници, како и на Инстаграм. Страниците кои огласуваат продажба на оружје ќе мора да воведат ограничување за малолетници.
„Наша цел е да се урамн…
Не е никаква тајна дека се што се наоѓа на полиците од продавниците – од дизајнот на ентериерот, преку начинот на кој се наредени артиклите до распоредот на производите – наменето е само за една цел, да се потрошат што повеќе пари.
Иако совеста на купувачот во последните години поприлично е подобрена, сепак ниту трговците не седеле со скрстени раце. Триковите од трговците сепак се сведуваат во пет основни правила:
1. Две за едно
Дали ние сме свесни или не, мнозинството од нас не може да одолее на бесплатните работи, а тоа трговците многу добро го знаат. Од таа причина маркетите и дуќа…
Минатиот викенд се сруши Твитер поради историските самофотографирања (selfie) од Оскарите на Ellen DeGeneres, Bradley Cooper, Meryl Streep, Brad Pitt, Angelina Jolie, Julia Roberts и останатите холивудски ѕвезди, но интренетот доби уште една ѕвезда на самофотографирањето а тоа е воениот пилот од Данска Thomas Kristensen кој станал вистинска интернет сензација откако направил “selfie” во момент кога исфрла ракета за време на една воена вежба.
Тој ги објавил фотографиите на Фејсбук и станале вистинска сензација.
Kristensen е еден од најискусните дански пилоти, кој поминал многу боишта меѓу …
Синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, Сади, е екстрадиран на властите во Триполи.„Сади Гадафи е во притвор и кон него ќе се однесуваме во рамки на меѓународните закони“, соопштила либиската влада и навела дека во текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детали.Неименуван либиски претставник рекол дека Сади Гадафи рано утрово бил префрлен во Триполи и се наоѓа во затвор во либиската престолнина.Сади Гадафи во текот на бунтот во 2011-та година, кога бунтовниците го фатиле и го убиле неговиот татко, па преку Сахара побегнал во Нигер, каде што е уапсен и држен во домашен притвор.{lo…
Италијанската полиција уапси три лица под сомнение дека се виновни за уривање на жичарницата во близина на езерото Маџоре.
Во несреќата во неделата загинаа 14 лица, а единствениот преживеан е петгодишно момче, кое е во болница и се уште е во животна опасност.
Истрагата покажа дека кабината била неисправна на почетокот на мај и дека директорите се јавиле во компанијата што требало да го поправи дефектот на безбедносната сопирачка. Дефектот, сепак, не бил отстранет, а кабината е оставена да функционира со надеж дека главниот, потпорен кабел нема да пукне и дека нема да има потреба од безбед…
Премиерот на Автономната Република Крим Сергеј Аксјонов изјавил дека проруските сили ги контролираат сите стратешки приоди на полуостровот и дека се блокирани сите украински бази.
Аксјонов рекол дека на безбедносните сили и на полицијата им се приклучиле 11000 припадници на самоодбраната.
Се верува дека ако не се сите, тогаш мнозинството од нив се Руси, иако рускиот претседател и министерот за одбрана демантираа дека упатиле воени сили на Крим, пишува агенцијата АР.
Аксјонов исто така рекол дека неговата влада е во постојан контакт со руски функционери.
Кримските власти во неделата објавија…
ЕУ соопштила дека санкции ќе има спрема 18 лица, функционери од екс режимот во Украина и дека ги замрзнува средствата кои ги проневериле.
На листата се, покрај Јанукович, неговите најблиски соработници, меѓу нив екс министерот за внатрешни работи, правда, државниот обвинител, шефот на безбедносните служби и синот на Јанукович.
Санкционирани се и екс премиерот на Украина Mикола Азаров и неговиот син, пренесува АР.
ЕУ наведува дека овие функционери се идентификувани дека се вмешани во проневера на државни средства и дека санкциите вклучуваат мерки за обид на враќање на тие средства. Санкциите…
За 40-минутен говор во Абу Даби заработил повеќе отколку во цела 2013-та година. Екс шефот на американската централна банка, Бен Бернанки го одржал својот прв јавен говор откако во јануари ја напуштил Фед, пренесува Reuters.
Тоа е само прв од трите говори кои Бернанки ќе ги одржи оваа недела ширум светот, а во кој бившиот шеф на Фед се осврнува на тактиката на централната банка на САД за време на финансиската криза 2007-2009, што на големо ја истражува и за кое планира да издаде книга.
На конференцијата во Абу Даби, во организација на Националната банка на Абу Даби, присутните морале да пла…