Мар 18, 2014

Пад на хеликоптер

Најмалку две лица загинале кога новинарски хеликоптер кој го користела Комо-Тв од Сиетл, се срушил денес во близина на зградата од оваа телевизиска станица во Сиетл, соопштила пожарникарската служба на овој град. Како што пренесува АР, телевизијата соопштила дека хеликоптерот се приближил до зградата со намера да слета на покривот, но удрил во страничниот ѕид и паднал на земја, удирајќи во неколку возила на улицата. Хеликоптерот и автомобилите се запалиле, а очевидците велат дека се гледа густ чад додека пожарникарите го гасат пожарот. На лице место се наоѓа и полицијата.

Мар 18, 2014

Еве како iWatch ќе го освои пазарот

Apple оваа година би требало да го претстави iWatch и веруваат дека со опциите на заоблениот екран и бежично или соларно напојување на батеријата ќе го освојат пазарот. Подолго време се шпекулира за паметниот часовник од Apple и се очекува Tim Cook службено да го претстави на крајот од годинава. Иако конкурентите, како Sony и Samsung, минатата година ги претставија SmartWatch 2 и Galaxy Gear, овие модели не привлекоа поголем број на корисници и поголем број на аналитичари предвидуваат дека интересот ќе се зголеми со појавувањето на iWatch, слично како кога се појави iPad, па интересот знатн…

Мар 18, 2014

Драма во центарот на Загреб

Група од триесетина лица во понеделникот околу 21.30 договориле организирана тепачка во непосредна близина на поштата на главната железничка станица. Мажи од 20 до 30 години во меѓусебен судир покажале невиден примитивизам, палеле се пред себе и го продолжиле дивеењето кон плоштадот на кралот Томислав. Хулиганството траело околу 15-тина минути и тоа на двеста метри од полициската станица Центар. Набрзо на местото на настаните дошла полицијата и бесната маса почнале да ја апсат по околните улици на центарот на Загреб. Во тек на вечерта приведени се 11 лица, над кои се спроведува криминална о…

Мар 17, 2014

Вознемирувачки моменти за време на лет

Патниците на летот 2412 од Орландо за Атланта сведочеле за вознемирувачки моменти среде летот кога се откинало парче од крилото од авионот. Неверојатна среќа имале 185 патници и членови на екипажот на авионот на компанијата Делта, Боинг 757 кој вчера морал принудно да слета поради технички проблеми. Тие настанале кога за време на летот од Орландо за Атланта една плоча од крилото се скршила и од крилото се гледале сплет од кабли и хидраулика оставени на милост и немилост на временските услови. Шокираните патници сето тоа го гледале од прозорците на авионот. Еден од нив ја направил и фотограф…

Мар 17, 2014

Уапсени свештеник и негов соучесник за измама

Триесетгодишен православен свештеник и неговиот четириесет и петгодишен помошник се уапсени и обвинети за измама за најмалку 166 луѓе кои очајнички барале работа, соопштила полицијата во Солун. Тие се обвинети за измама за околу 78.000 евра така што на жртвите им ветувале дека ќе ги вработат а тоа никогаш не се отстварило во пирамидалната шема која датира од 2009 година, пренесува агенцијата АР. Директорот на градскиот полициски тим за борба против криминалот, Атинагорас Пазарлис, рекол дека оштетените, секој посебно, им платиле по стотици евра за пронаоѓање на работа. Полицијата извршила п…

Мар 17, 2014

Грција ги признава косовските пасоши

Грција одлучила да ги прифати косовските пасоши со шенгенска виза, а одлуката стартува од 20-ти март, пренесуваат денешните весници во Приштина. Заменик премиерот на Грција, Евангелос Венизелос, му ја потврдил оваа вест на косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај. До сега, граѓаните на Косово беа обвразани да земаат грчки визи. Грција е една од петте држави на Европската унија кои не ја признале независноста на Косово. Венизелос рекол дека, и покрај тоа што неговата држава не ја признава званична Приштина, Косово нема да биде попречувано на патот кон ЕУ. {loadposition content9}

Мај 31, 2021

Авион на „Рајанер” принудно слетал во Берлин поради закана со бомба

Авион на нискобуџетниот ирски авиопревозник „Рајанер” на линијата од Даблин за Краков, ноќеска бил принуден да слета на аеродромот во Берлин поради закана за поставена бомба, пренесе ДПА. -Полициските безбедносни мерки се завршени без да се открие никаква опасност, изјави портпаролот на берлинската полиција.„Патниците можеа да го продолжат летот кон Полска со резервен авион”, додаде таа, без да наведе повеќе детали за причините за тревогата. Според весникот „Билд Цајтунг”, станува збор за закана од бомба, што се покажа како неоснована. Авионот, во кој имало 160 патници, малку по 20 часот…

Мар 17, 2014

Еден живот вреди милиони долари

Животот очигледно има цена во силициумската долина – неименуван милијардер од ИТ индустријата го осигурал својот живот на 201 милиони долари. Податокот е откриен преку Гинисовата книга на рекорди, но името од богаташот се држи во тајност. “Полисата ја има еден многу познат технолошки милијардер од Калифорнија”, рекол советникот за осигурувања Дови Френсис. Тој објаснил дека самите богаташи си одлучуваат за животното осигурување од бројни причини, но еден од најголемите е прашањето за данок. “Со имотот на богатите пристигнува и голема обврска за данок, а бидејќи многу од нив немаат готовина …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top