Еден живот вреди милиони долари

Податокот откриен преку Гинис

 |  инфодеск  | 

Животот очигледно има цена во силициумската долина – неименуван милијардер од ИТ индустријата го осигурал својот живот на 201 милиони долари.

Податокот е откриен преку Гинисовата книга на рекорди, но името од богаташот се држи во тајност.

“Полисата ја има еден многу познат технолошки милијардер од Калифорнија”, рекол советникот за осигурувања Дови Френсис.

Тој објаснил дека самите богаташи си одлучуваат за животното осигурување од бројни причини, но еден од најголемите е прашањето за данок.

“Со имотот на богатите пристигнува и голема обврска за данок, а бидејќи многу од нив немаат готовина да го покријат данокот се одлучуваат парите да ги вложуваат во инвестиции, а полисата за животно осигурување е доволна за даночниците”, наведува Френсис.

Иако вртоглавите полиси не се реткост кај ИТ богаташите, оваа се разликува по повеќе работи. Неа ја покриваат дури 19 различни осигурителни компании, кои имаат удели помали од 20 милиони долари.

“Ако се осмели една компанија да ја прифати целосно полисата, јасно е дека би банкротирала истиот момент ако полисата стане активна”, додава Френсис.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top