Мар 24, 2014

Пензии за проститутките

Од 1 април сите проститутки мораат да бидат пријавени во сојузното министерство за финансии. Ова е уредба која министерството за финансии на Австрија ја донело на почетокот од годинава, барајќи од сопствениците на јавните куќи во државата да ги пријават работничките и напоменуваат дека оданочувањето мора да биде во склад со “реалниот промет”. Во Австрија работат илјадници проститутки, само во Виена ги има повеќе од 3400 пријавени кои имаат право да ја работат таа работа. За бројката на илегални можело само да се претпостави. Конечната цел на државата е да ги регулира сите кои немаат добиено…

Мар 23, 2014

Кој и што губи од санкциите спрема Русија

Велика Британија Санкциите спрема Русија би го довеле во криза славниот City, кој произведува 40% од британскиот БДП. Во црно ќе се завијат и недвижнините во Лондон и околината, а восокото образование би добило тежок удар иамјќи го во предвид бројот на руски ученици кои плаќаат високи сметки за школарина. Франција Ќе изгуби договор вреден неколку милијарди евра за производство на воени бродови и вооружување. Исто така на колена би се нашла и автомобилската индустрија бидејќи во Русија се прават преку милион автомобили годишно а нафтениот гигант Тотал има вложено 30 милијарди евра во Русија….

Мар 23, 2014

Млади луѓе со идеја за бизнис.

Дошле до идеја да основаат туристички сервис за да им олесни на луѓето да најдат сместување во било која земја во светот. Двајцата пријатели, Брајан Чешки и Џо Геби, во 2008 година не ни сонувале дека еден ден нивната компанија ќе вреди 10 милијарди долари. Airbnb (Air, Bed&Breakfast) пред неколку години стартуваше како компанија основана од двајцата пријатели и страницата била позната само на потесната заедница од силициумската долина. Airbnb е наменета за луѓе кои сакаат да ги изнајмат или да ги закупат недвижнините ширум светот. Во понудата не спаѓаат хотели туку само приватни апартм…

Фев 16, 2022

Голем пожар на автобуска станица во Сараево

Едно лице е повредено, а неколку згради се оштетени во пожарот што денеска избувна во близина на автобуската станица во Сараево, потврди локалната полиција и службите за итни случаи. Во локализирање на пожарот биле ангажирани повеќе противпожарни возила, кој избувнал откако во објект за брза храна експлодирала боца со плин. Во експлозијата е повредено и едно лице кое било вработено таму. Пожарот бил изгаснат нешто по 14 часот, а на повредениот му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Сараево. Точната причина за пожарот ќе биде позната по истрагата – рече портпаролот на …

Мар 23, 2014

Нема пречки за обединување

“За да се направи еден национален фудбалски тим не дозволуваат ФИФА и УЕФА, но за национално обединување на економски план никој не не спречува и наша вина е ако тоа не го направиме”, рекол Еди Рама на состанокот со стопанственивците од Косово. Рама оценил дека  национална стопанска комора би допринесла за економско обединување на Косово и Албанија. “Немаме заедничка стопанска комора која ќе ги обедини под еден покрив сите албански претпријатија од териториите на Албанија и Косово, а која ќе биде референтна точка за двете влади”, рекол Рама. Албанскиот премиер најавил дека многу брзо двете …

Мар 22, 2014

Првата порака на Путин на Твитер

На социјалната мрежа Твитер неодамна е овозможено прегледување на првите пораки на сите корисници. Еве на кого му ја посветил својата прва порака претседателот Путин. Не требаше многу некој да се сети да го прегледа профилот на рускиот претседател Владимир Путин чиј прв твит објавен на неговиот службен профил на англиски јазик, денес делува многу иронично. Владимир Путин својот прв твит го упатил ни малку ни повеќе туку на американскиот претседател Барак Обама. “Му честитам на избраниот претседател на САД, Барак Обама”, стои на првиот твит од претседателот Путин кој е објавен кон крајот на …

Мај 31, 2021

На 9-ти јуни седница за разрешување на албанскиот претседател

На седницата ќе се расправа по извештајот на парламентарната анкетна комисија, која од 7 мај прибираше докази, по што претседателот Алкет Хисени, информираше дека е утврдено дека шефот на државата ги прекршил уставните надлежности.Според комисијата, претседателот Мета дури 16-пати ги прекршил уставните надлежности, пред и по парламентарните избори на 25 април, што главно било утврдено од процената на неговите изјави и објави во медиумите и на социјалните мрежи.Гласањето за разрешување на шефот на државата, што се случува за првпат во плурална Албанија, ќе биде тајно, а според член 88 од…

Мар 22, 2014

Венеција држава

Граѓаните на Венеција и околните региони гласале по електронски пат за отцепување од остатокот на Италија и формирање на сопствена држава. За, биле 89% од гласачите. Повеќе од два милиони жители на регионот Венето, учествувале во целонеделното гласање, а 89% од нив се изјасниле за независност од Италија. Електронското гласање, кои го организирале локалните партии, не е законски обврзувачко, но има за цел да ја процени поддршката кога би имало референдум. На социјалната мрежа Твитер се развила остра дискусија помеѓу приврзаниците за отцепување и Италијаните кои ова гласање го нарекле тотално…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top