Во последно време сите кажуваат за штетноста од долготрајна изложеност на „парабен“, и потребата луѓето и козметичката индустрија да го користат што е можно помалку.
Кога зборуваме за парабенот и неговата првобитна употреба, тој спаѓа во категоријата средства за конзервирање, а неговата задача е да спречи расипување и развој на микроорганизми, бактерии и габи.
Секојдневно сме изложени на оваа супстанца, но тоа ретко го приметуваме. Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека жената на себе дневно нанесува 515 хемикалии содржани во дезодоранси, креми и кармини за усни, а параб…
Маж од источната кинеска провинција Џиангсу е потврден како првото лице заразено со вирусот Х10Н3 од птичји грип, соопшти кинеската Национална здравствена комисија (НЗЦ). 41-годишниот маж, жител на градот Женѓијанг, бил хоспитализиран на 28 април откако забележал симптоми како треска.
Во светот до сега не е пријавена инфекција со вирус X10N3 кај луѓето, објави (НЗЦ).На 28 мај му била дијагностицирана инфекција со птичји грип, но не беа дадени детали за тоа како се заразил. Овој вид е низок патоген или релативно помалку сериозен и се наоѓа кај живината и постои мал ризик од негово масовно ш…
Авион на малезиската авиокомпанија “Malindo Air” денес морал да се врати на аеродромот од каде што полетал бидејќи му се запалил еден од моторите.
Во соопштението на нискобуџетната компанијата, основана само пред една година, се наведува дека авионот сепак безбедно се приземјил и дека никој не е повреден, пренесува агенцијата АР.
Авионот полетал од аеродромот Субанг во близина на Куала Лумпур и требало да слета во градот Теренган на источниот брег на Малезија.
Пред две недели од радарите исчезна авионот на Малезија Ерлајнс со 239 патници и членови на екипажот, за кои малезиските власти изја…
Поради тоа што кабинскиот персонал останува во авионите, министерството за надворешни работи на Русија издало соопштение во кое стои дека украинските цариници им забрануваат на екипажите на Аерофлот да ги напуштаат авионите, пренесува агенцијата АР.
Министерството истакнува дека таа одлука на властите во Киев претставува кршење на меѓународните закони и „закана за безбедноста на цивилната авијација“, затоа што на екипажите им е оневозможено да се одморат помеѓу летовите.
Министерството за надворешни работи наведува дека Москва два пати пратила протестна нота до амбасадата на Украина за овој…
Симферопол – Русија упатила мобилни генератори на Крим, чие снабдување со електрична енергија и понатаму зависи од Украина.
Повеќе од 1400 мобилни генератори се веќе поставени во таа област”, рекол рускиот министер за вонредни ситуации Владимир Пучков за време на посетата на главниот град на Крим, каде бил во посета на кримските пожарникари на свеченоста по повод припојувањето на областа со Русија.
Москва, како што рекол, упатила додатни генератори за струја за да го осигура континуитетот на функционирање на јавните институции на Крим, и покрај моменталните прекини во снабдувањето со електр…
Тојота ги започна првите јавни тестирања, на својот ултра компактен „i-Road” електрично градско возило на три тркала, за да дознаат како ќе се однесува нивното футуристичко возило во секојдневните услови по улиците на Токио.
Десет возила ќе крстарат во главниот град на Јапонија од 24 март до почетокот на јуни, а зад воланот ќе се најдат експерти и општата јавност за да се добие што попрецизна слика за производот.
Возилата се базираат на концептот кој е прикажан на минатогодишниот саем во Токио, пропратен со новитетите кои ја подобруваат прегледноста, управувањето и агилноста.
Обликот на „i-…
Larry Page неодамна на TED конференцијата објаснил некои од начините кои неговата компанија сака да го подобри светот.
Google моментално е една од најмоќните компании на светот, а нејзиниот извршен директор Larry Page верува дека тие можат да ја искористат моќта и парите кои ги имаат за да го променат светот. Page на неодамнешната конференција зборувал за начините на кои неговата компанија ќе ги подобри условите за живот на земјите во развој, но и земјите како што е САД.
Една од првите и најважни работи која ќе ја направел Google е да овозможи едноставен пристап на целокупното знаење во све…
Потрагата по вонземски живот добива нови ветришта в грб по откритието на еден научник кој открил планета голема скоро колку Земјата, пишува Daily Mail.
Астрономот Томас Баркли од истражувачкиот центар на NASA во Калифорнија дошол до ново откритие со помош на податоците кои ги собира вселенскиот телескоп Кеплер.
Неименуваната планета е откриена како орбитира околу неидентификувана ѕвезда во таканаречената „златокоса зона“ – во прашање е регион околу ѕвезда која емитува доволно енергија, светло и температура за постоење на вода на планетата потребна за создавање на живот.
Со помош на сликата …