Јун 29, 2014

Дупка во земјата стана туристичка атракција

Дупката која проголта дел од музејот на Корвета во Кентаки стана поголема туристичка атракција од самиот музеј. До музејот, кој не работи од февруари кога се отвори дупка во внатрешноста, оваа година дошле 59% повеќе туристи во однос на минатата, што ја натерало управата да отори дел од музејот. “Никогаш не ни паднало на ум дека оваа несреќа ќе донесе пораст на бројот на посетители”, вели Вендел Строд, извршниот директор на музејот. Геолозите веруваат дека дупката која има 12 метри радиус и е длабока 18 метри, е настаната поради постоење на подземни пештери во тој регион. Осум оштетени авто…

Јун 28, 2014

Една година подоцна како членка на ЕУ

Измина една година откако Хрватска стана членка на Европската унија, а во минатата година стандардот на хрватските граѓани не се поправил, пренесуваат регионалните медиуми. Меѓутоа, за тоа време, зеленчукот е поефтин за 16%, овошјето за 8%, маслото за 15%, а облеката за 5%, додека режиските обврски поскапеле за 2%. Цените на храната се малку пониски откако Хрватска стана членка на унијата и може тоа да се почуствува на лебот, месото, шеќерот, овошјето, зеленчукот…Сепак, она што го гуши семејниот буџет се сеуште станарините и режиските сметки кои пораснале во текот на оваа година. И кога н…

Јун 27, 2014

Расте побарувачката на производите на NIKE

Американскиот производител на спортска опрема NIKE отстварил подобар квартален резултат од очекуваниот со растот на побарувачката во Северна Америка и Западна Европа. Растот на побарувачката на двата главни пазари е предизвикан со интензивниот маркетинг по повод Светското првенство во фудбал во Бразил. Како што е соопштено, нето профитот во четвртиот квартал на фискалната година, завршен на 31 мај, достигнал износ од 698 милиони долари, со раст од 13% на годишно ниво, или 78 центи по акција, додека во истиот период лани износот бил 690 милиони долари. Приходите од продажбата во разгледувани…

Јун 27, 2014

Меркел со нов супер-телефон

Ангела Меркел, која не беше поштедена во американската афера за прислушкувањето на Германци, добила нов мобилен телефон, отпорен на прислушкување. Една година по обелоденувањето на аферата за прислушкување од страна на разузнувачот Едвард Сноуден, Ангела Меркел добила сигурен BlackBerry Q10 со криптопроцесор на дизелдорфската фирма Secusmart, пренесуваат германските медиуми и наведуваат дека тој процесор чини 2.500 евра. Овој смартфон прави разлика помеѓу приватни и службени комуникации и има додатен процесор кој го спречува прислушкувањето и интернет комуникацијата, односно ги кодира. Прен…

Јун 27, 2014

И автомобилите од Германија со манипулирана километража

Скоро една третина од сите половни возила продадени во Германија се поврзани со измама на бескрупулозните трговци кои ги манипулираат бројачите на прејдени километри и наплаќаат поголеми износи за помала километража. објавил германскиот авто-клуб ADAC. Купците на автомобили се чести жртви на измама со километрите, што тешко се открива, посебно ако се манипулирани и документите од возилото, предупредува ADAC. Спрема информациите на авто-клубот, посебно се погодни за манипулација автомобилите произведени по 2000 година, кога механичките бројачи се заменети со дигитални. Апаратите за ресетирањ…

Јун 26, 2014

Магичен материјал кој ќе ја промени иднината

Многу научници сметаат дека графенот е матреијал на иднината кој би можел да ги смени компјутерската, автомобилската, авионската и други индустрии. Графенот е дводимензионален магичен материјал составен од атоми на јаглерод кој е потенок од хартија и поцврст од челик, лесен е, силен, флексибилен, растеглив и е одличен спроводник на електрична енергија. Овој материјал за прв пат е изолиран во 2003 година а бројни големи компании како Apple, IBM и Lockheed Martin, свесни за неговиот потенцијал, веќе пријавиле патенти базирани на него, а само Кина до сега пријавила 2.200 такви патенти. На Busi…

Јун 26, 2014

Etihad купува уште една национална авио-компанија

Потврдени се главните услови од договорот на предложената трансакција со кој авио-превозникот од Обединетите Арапски Емирати, Etihad, ќе стане сопственик на 49% од националната италијанска авио-компанија Alitalia. Двете авио-компании сега ќе прејдат на финализација на документите за таа трансакција, наведено е во заедничкото соопштение. Заклучените инвестиции, како што се наведува, подлежат на финални регулаторни одобренија. Ниедна од компаниите не ги обелодени условите а ниту обемот на инвестицијата на Etihad, иако на почетокот од месецов италијанскиот министер за инфраструктура, Маурицио …

Јун 26, 2014

Откриено е кој го возел исчезнатиот малезиски авион

По исчезнатиот малезиски авион се трага веќе четири месеци, а на површина излегоа нови информации. Имено, австралиските официјални служби со сигурност можат да кажат дека MH370 во моментот на исчезнувањето летал на автопилот. Авионот исчезна на 8 март оваа година а во него беа 239 патници и членови на екипажот кои летаа од Куала Лумпур за Пекинг. Во потрагата е пребарано големо подрачје на Индискиот океан, а ова најново тврдење се темели на свежата анализа на постоечките сателитски снимки. “Уверени сме дека авионот летал на автопилот се до моментот кога останал без гориво и се срушил”, изја…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top