Јул 27, 2014

Поради ова може да го деактивирате профилот на Facebook

Порталот BuzzFeed направил анализа во која ги наведува фактите кои би ве натерале да го деактивирате профилот на Facebook. Норвешките научници идентификувале шест знаци за зависност од Facebook, вклучувајќи го размислувањето за мрежата, јавувањето на немир ако лицето не може да го провери и користи во толкави количини и тоа почнува да влијае на работата или студирањето. Спрема студијата од 2012 година, гледањето на екс партнерот на Facebook го ограничува личното напредување и емоционалното опоравување. Во 2011 година во една третина од предадените документи за развод во САД и Велика Британи…

Јул 27, 2014

Дали го знаевте ова за вашите машини за перење

Машините за перење, доколку не се користат правилно, можат да бидат магнети за бактериите, порачуваат германски експерти. Во нив секогаш останува малку вода по перењето што може да биде потенцијално опасно. Откако ќе се извадат испраните алишта од машината, многу корисници ја затвораат вратата и садот за дозирање на детергент, а тоа е погрешно. “Во машините за перење на алишта секогаш останува малку вода”, објаснува Claudia Oberascher од информативниот портал Hausgeraete+, и додава – каде што има влага тоа се добри услови за раст на микробите. Затоа се препорачува вратата од машината за пер…

Јул 26, 2014

Фрази кои нема да ги чуете од успешните луѓе

Она што го говорите има своја тежина а тоа особено важи во бизнис опкружувањето. Затоа во изразувањето на работното место е потребно посебно внимание. “Постојат зборови и фрази кои можат да наштетат на репутацијата и успехот во работата”, вели Darlene Price директорката на компанијата Well Said Inc. за Business Insider. Еве што не треба да говорите, ниту себеси ниту на другите, ако сакате да тргнете по патот на успехот во корпоративното опкружување. “Немам избор” – Успешните луѓе секогаш гледаат некоја друга опција, без оглед на околностите. “Требаше да…”, “Морав да…” – Наведените фрази…

Јул 26, 2014

Австријците се за излегување од Европската унија

Прв пат во историјата во Австрија постои мнозинство кое заговара излегување од Европската унија, покажува истражувањето на институтот “Imas”. Оние кои го поддржуваат излегувањето од ЕУ се 46%, додека оние кои се против излегувањето од ЕУ сочинуваат 44%. Поточно, 21% од испитаниците во потполност го поддржуваат мислењето дека Австрија треба да излезе од ЕУ, а  25% делимично го поддржуваат тој став. Досега, во истражувањата на јавното мислење, приврзаниците на мислењето за останување во Европската унија секогаш беа мнозинство. {loadposition content9}  

Јул 26, 2014

Рузмаринот ја подобрува меморијата и до 75%

Рузмаринот е исклучително корисен во кујната и во медицината, но научниците откриваат и специфични карактеристики поврзани со меморијата, и тоа со извонредни резултати. Рузмаринот се поврзува со доброто помнење уште од многу одамна. Во Шекспировиот Хамлет, Офелија вели: “There’s rosemary, that’s for remembrance”. Поради симболиката, рузмаринот станал своеврсна амајлија, па го ставале и под перница, бидејќи се верувало дека штити од ноќни кошмари. Она што е фасцинантно е дека научните истражувања откриле извонредни резултати во врска со рузмаринот поврзани со помнењето. Истражувањето спровед…

Јул 25, 2014

Ноќен сензор кој го “запали”интернет

“Sense”, системот кој овозможува анализа на квалитетот на сонот, дишењето, па дури и на квалитетот на воздухот во собата каде што спиете, ги поттикна инвеститорите на интернет страницата kickstarter да земат учество во партиципирање на финансирање на тој проект. Само во два дена откако е стартувана акцијата за собирање на средства, повеќе од 3000 лица веќе ставиле рака во својот паричник, објавено е во списанието Le Parisien. Моментално ги има повеќе од 5.000. За проектот веќе стигнале и ветувања за донации во вредност од 600.000 долари, со што во огромна мерка се надминати првите очекувања…

Јул 25, 2014

Дали сега имате причина да се плашите од летање?

Во период од седум дена паднаа три авиони и тоа на MalaysiaAirlines, TransAsia и AirAlgeria. Сепак тоа не значи дека шансите за загинување во авионска несреќа се поголеми. Спрема последниот извештај на светската организација за безбедност на летањето, во 2013 година се случиле 90 несреќи поврзани со комерцијални летови а само 9 довеле до фатални последици и тоа за 173 лица. Овој број е голем доколку се додадат и жртвите од минатонеделните инциденти на MalaysiaAirlines, TransAsia и AirAlgeria.. Меѓутоа трба да се гледа големата слика во авиосообраќајот. Имено, во минатата година објавени се …

Јул 25, 2014

Трет инцидент на патнички авион во седум дена

“Авионот е уништен во моментот кога паднал”, изјавил за RTL радиото францускиот министер за внатрешни работи Bernard Cazeneuve. Cazeneuve рекол дека се верува дека авионот се срушил поради лоши временски услови, но додал дека во овој момент не се исклучува ниедна теорија. Истовремено, францускиот министер за сообраќај Frederic Cuvillier рекол дека се чувствува силен мирис на нафта од авионот на местото на несреќата и факт е дека деловите на авионот се наоѓаат распаднати на релативно мало подрачје, кои исто така укажуваат дека причините за несреќата се лошите временски услови или технички пр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top