Апр 13, 2014

Десет наредби на своите челенови

Нема чепкање на заби и фрлање на ѓубре низ прозор од автомобил, се две од десетте наредби кои на своите членови службено ги испоставила локалната организација на кинеската комунистичка партија во покраината Сечуан. Кинеските комунисти се загрижени поради негативната слика која некои членови ја оставаат во јавноста, стравувајќи дека ако се продолжи со таква пракса би можело да го загрози влијанието на партијата во јавноста а со тек на време да се доведе во прашање водечката улога во земјата. Кога на крајот од 2012 година дошол Си Џинпинг на чело на партијата најавил  борба против корупцијата…

Апр 12, 2014

Скандал во Германија поради пратка од Кина

Поради недоразбирање на релација Германија – Кина дошло до грешка при нарачка на керамички шољи за кафе. Германците нарачале едно а добиле друго. Германскиот ланец за продажба на мебел и работи за домаќинство се извинил за продажбата на шољи за кафе на кои се наоѓал ликот на Адолф Хитлер. Наводно дошло до забуна кога се нарачувале мотивите за шољите од кинескиот доставувач. На спорната ретро керамичка шоља покрај мотивите од цвеќе се наоѓа и црно-бела поштенска марка на која е нацистот Хитлер и забранетиот нацистички симбол. Пет илјади такви шољи пристигнале минатиот месец од Кина во еден л…

Апр 12, 2014

Необична и интересна понуда

Имено, доколку не сакале повеќе да работат во познатата компанија Амазон, сопственикот Џеф Безос, на вработените им понудил по 5000 долари ако дадат отказ. Безос таа своја идеја ја претставил и пред акционерите на Амазон. Станува збор за програма со која Безос на некој начин сака да ги мотивира сите оние работници кои во својата работа не гледаат повеќе смисол, и да останат во неговата компанија само оние кои навистина сакаат да го работат она што го работат. Програмата под име „Pay to quit” е многу едноставна, сите оние кои сакаат да поднесат отказ компанијата ќе им плати по 5000 долари. М…

Апр 12, 2014

Откриена тајната на најпознатата ИТ позадина

Зеленото брдо, познато под името Блиш, кое се појавува на мониторот кога ќе го вклучиме компјутерот, се наоѓа во Калифорнија. Информацијата неодамна ја открила компанијата Микрософт. Американскиот фотограф Чак О’ Риер објаснува дека ја направил во јануари 1995 година. Се возел кон куќата на својата пријателка во округот Напа, на север од Сан Франциско, кога здогледал фантастичен пејсаж и одлучил да застане како би го овековечил. „Тревата била совршена а сонцето блескаше. На небото немаше ниедно облаче, но додека паркирав и го поставував фотоапаратот, облаците се појавија“, раскажал фотограф…

Апр 11, 2014

Се укинува допишувањето преку Фејсбук

Најголемата социјална мрежа Фејсбук почнала со тестирање на новата верзија на апликацијата која нема да ја содржи можноста за отварање пораки. На тој начин Фејсбук ќе ги натера корисниците, за допишување, преку нивниот сервис исклучиво да ја користат апликацијата Месинџер. Ова се однесува и на телефоните кои користат Android, iOS и Windows Phone оперативни системи. Промената е неизбежна и корисниците наскоро ќе добијат известување за тоа. На тој начин тие сакаат да го избегнат впечатокот дека постојат две апликации за допишување. До сега корисниците за допишување не мораа да го превземат Ме…

Апр 10, 2014

Облекол на себе пола милион пчели

Кинезот Ше Пинг одлучил да “облече” капут од 456.500 пчели. Зошто? За да докаже дека изработува мед од вистински пчели. Кога некој на себе ќе навлече скоро пола милион пчели, се очекува да има илјадници убоди на телото, но Ше Пинг поминал само со 20. Додека го изведувал 40 минутниот перфоманс со пчелите, публиката со недоверба  го гледала како се претвора во жива статуа со пчели. “Кога тоа го направив прв пат на 22 години, беше поради забава и љубопитност. Подоцна ги навлекував пчелите на себе само да ги уверам луѓето дека произведувам мед од вистински пчели”, рекол Пинг, а пренесува Guardi…

Апр 10, 2014

Уште еден премиер исмејуваат твитерашите

Направил идентична грешка како и британскиот премиер кога објави фотографија на Твитер каде што разговара со Обама. Тони Абот, австралискиот премиер, ставил фотографија на Твитер каде добива важен телефонски повик. Со мобилен телефон на уво, Абот завзел впечатлива поза, а покрај фотографијата напишал дека во моментот добива нови информации за исчезнатиот малезиски авион. Своите 280.000 следбеници заборавил да ги информира за какви тоа информации се работи. Затоа тие сами одлучиле да проверат за какви информации станува збор. По објавата на премиерот, следеле идентични реакции на корисниците…

Апр 10, 2014

Твитер станува Фејсбук

Дел од корисниците на Твитер се незадоволни со промените и сметаат дека Твитер го губи се она што беше добро и станува сличен на Фејсбук. Твитер на својот службен блог најави големи промени во својот изглед, односно на корисничките профили. Новите профили се достапни засега само на мал дел на корисници, но во текот на наредниот период ќе бидат достапни за сите. Она што е посебно интересно во новиот дизајн на профилите е дека многу потсетува на неговиот најголем конкурент Фејсбук, и во иднина на Твитер на својот профил корисниците ќе имаат насловна фотографија на врвот, додека од левата стра…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top