Деветнаесет лица се повредени, од кои четири потешко по експлозијата која најверојатно ја предизвикал гас, а која предизвика рушење на две згради и голем пожар во центарот на Њујорк, пренесува CNN.
Пет часа по почетокот на пожарот, повеќе од 200 пожарникари сеуште се борат со пожарот кој ги зафати околните продавници и станови во квартот Ист Вилиџ на Менхетн.
Портпаролката на пожарникарската служба рекла дека две згради – на бројот 121 на Втората авенија, местото на првичната експлозија, и на бројот 123 на истата авенија се потполно уништени. Во голем обем се уништени и две околни згради по…
Пред многубројна публика, на конференцијата за девелопери, водечките луѓе од Facebook објавија побогато искуство на користење на Facebook Messenger. Кога се мисли на побогато искуство тие сакаат да кажат дека се работи на интересна содржина која е достапна благодарение на надворешни апликации кои ги користи Facebook за да им овозможи на корисниците (600 милиони активни корисници) позабавно допишување.
Моментално се достапни 40-тина апликации кои овозможуваат со пораките да праќате разни забавни GIF-ови, да креирате анимирани текстови, да ставате бркови на сликите и слично.
Апликациите се до…
NewYork Times објави, пренесувајќи неименуван истражител, дека снимките од пилотската кабина на германскиот авион, кој во понеделникот се сруши во француските Алпи, покажуваат дека еден од пилотите ја напуштил кабината и не можел да се врати пред почетокот на паѓањето на авионот. Истражителот изјавил дека до тој момент комуникацијата помеѓу пилотите била рутнска.
“Човекот однадвор прво лесно затропал на вратата од кабината, но немало одговор. Потоа удирал посилно на вратата, но повторно немало одговор”, изјавил истражителот за NewYork Times, додавајќи дека звуците упатуваат на тоа дека пило…
Една жена од француската Прованса освоила jack-pot во наградната игра која ја организирал производителот на играта “Монопол”, пишува францускиот Figaro.
Купувајќи му Монопол на синот, жената во кутијата пронашла точно 20.580 евра во вистински банкноти.
Имено, производителот на играчки, Hasbro, на тој начин го прослави роденденот на оваа игра вметнувајќи во кутијата вистински пари.
“Сакавме да направиме нешто уникатно”, рекол Florence Gaillard, шефот на Monopoly.
Така биле припремени вкупно 80 кутии во кои се наоѓаат вистински пари. Главната награда била пронајдена, но купувачите сеуште имаа…
Само благодарение на краткорочните задолжувања од ентитети од јавниот сектор, Грција без помош може да издржи само до 20-ти април, изјавил за Reuters неименуван извор.
Германскиот весник Frankfurter Algemeine Zeitung објави дека грчката влада има пари за исплата на плати и пензии само за уште две недели, односно до 8-ми април, а тогаш влегуваат во критична фаза.
Спрема овие предвидувања, Грција до 20-ти април може да остане без пари, а во прилог не е ниту фактот дека на 9-ти април доаѓа наплата од 465 милиони евра кредит кај Меѓународниот монетарен фонд, кој со големи потешкотии ќе се отпла…
Полицијата во хрватскиот град Пула уапсила 61-годишна жена која преку СМС пораки се заканувала дека ќе ги убие членовите на Националниот штаб за цивилна заштита. Истражен судија, според соопштението на полицијата, на жената и изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.
Полициски службеници утврдиле дека жената на 17 ноември испратила заканувачка СМС порака на мобилниот број на член на хрватскиот штаб за цивилна заштита во Хрватска. Во кривичната истрага, утврдено е дека освен таа заканувачка порака, осомничената, незадоволна од решенијата на Националниот штаб за цивилна заштита, од 1 окт…
Авионот Airbus A320 на нискобуџетната германска компанија Germanwings, кој во понеделникот се урна во француските Алпи при што загинаа 150 патници и членови на екипажот, имал технички проблем со вратата која ги затвора предните тркала, потврдил портпаролот на Lufthansa.
Проблемот бил поврзан со отворот, односно механизмот кој се отвора и затвора во моментот кога се вклучува уредот за слетување. Авионот во понеделникот бил цел ден приземјен во Диселдорф, а портпаролот на Lufthansa изјавил за агенцијата DPA дека проблемот бил решен.
Полека излегуваат во јавноста и детали за жртвите на оваа ст…
Airbus A320 со 142 патници и шест членови на екипажот се сруши во регионот Digne на југот од Франција, во алпското подрачје. Авионот е во сопственост на компанијата Germanwings, фирма сестра на Lufthansa, а летал на релација Barcelona – Dusseldorf и полетал во 9.55 часот.
Компанијата Germanwings досега немала пријавени несреќи, а просечната старост на нивните авиони е околу девет години, иако авионот на летот 4U9525 бил стар 24 години.
Кон местото на несреќата се упатија и германски експерти за воздухопловна безбедност.
Локални извори од француската полиција тврдат дека остатоците од авио…