Апр 18, 2015

Apple купи големо пространство на шума

Најверојатно Apple одлучил да му покаже на светот дека е свесен за проблемот со загадување на човековата околина. Имено, компанијата во соработка со Conservation Fund, организација за заштита на човековата околина, купи шума која се простира на дури 36.000 хектари, пишува bgr.com. Спрема пишувањето на официјалниот блог на организацијата, Apple купил шума за да ја зачува за идните генерации, но и за користење за свои потреби. Шумата се наоѓа во американските сојузни држави Северна Каролина и Мејн, а дел од вкупниот појас на приватните шуми кои се простираат на 45 милиони хектари се сметаат з…

Апр 18, 2015

Спречен планиран терористички напад

Австралиската полиција соопшти дека уапсила пет мажи меѓу кои двајца од осомничените планирале да изведат терористички акции во Мелбурн, а главниот удар требало да биде на денот на националната комеморативна свеченост на 25 април. Во тек сеуште е операцијата на антитерористичките сили во Мелбурн, на југоистокот од Австралија. “Се проценува дека двајца од петмината уапсени вршеле припреми за терористички акции во Мелбурн кој опфаќале и напади на полицајци”, соопштила во заедничко соопштение австралиската сојузна полиција и полицијата од државата Викторија чиј главен град е Мелбурн. Терористи…

Ное 22, 2021

Бебе почина од корона во Србија

Веста која ја потресе не само Србија, туку и целиот регион е премногу рано згаснатиот живот на двомесечно бебе. Причина за неговата смрт е опасниот коронавирус. Бебето починало на Детската клиника во Белград. За жал, првото бебе кое го примивме кога имаше само десет дена, почина минатата недела по речиси шест недели борба за неговиот живот на клиниката, изјавила лекарката Снежана Рсовац. Таа додаде дека моментално, на клиниката биле сместени уште две бебиња, но нивната состојба засега е добра.

Апр 17, 2015

Иднината на јавниот превоз или научна фантастика

Денес е тешко  да се предвиди како би изгледала иднината, но некои луѓе даваат идеи, други пак  се обидуваат тоа да го претворат во реалност. Ова е концепт на новата генерација за транспорт кој не изгледа неизведливо и предалеку. “Летечки ресторан” кој служи за превоз помеѓу градови може да биде своеврсна иднина на јавниот превоз за кратки релации. Како и да е, иднината нема да изгледа онака како што ја замислуваме, но веројатно ќе биде интересна. Во продолжение можете да го видите видеото како некои луѓе ја замислуваат иднината на јавниот превоз.  {loadposition content9}

Апр 17, 2015

Нарачките за Apple Watch ги надминаа сите очекувања

Многумина можат да мислат што сакаат за тоа дали Apple Watch е само помодарска играчка или нешто што навистина  е потребно, но конкретните одговори за успешноста на еден производ ги дава само пазарот… А спрема пазарните проценки и предвидувања, иако ниедна бројка сеуште не е официјално потврдена, Apple со својот паметен часовник осигура уште една позиција на лидер на пазарот. Имено, спрема бројките кои ги изнесува Ming-Chi Kuo, лице кое во професионалните кругови фигурира како оној што знае што пишува, говори и објавува, преднарачките за Apple Watch надминале 2,3 милиони! Уште некои порта…

Апр 16, 2015

Huawei претстави телефон со екран од 6,8 инчи

Фаблетите во последно време се сѐ популарна категорија на мобилни уреди и со сѐ повеќе корисници, благодарение на големите екрани. Најпопуларни фаблети на светот моментално се Galaxy Note 4 на Samsung, со екран од 5,7 инчи и iPhone 6 plus со екран од 5,5 инчи и повеќето други фаблети се со слични големини. Но, за оние кои тоа е малку и сакаат уред со големина на таблет со кој ќе можат да телефонираат, Huawei вчера го претстави моделот P8max. Овој уред доаѓа со дијагонала од дури 6,8 инчи (станува збор за еден од најголемите телефони/фаблети на светот) со резолуција од 1920х1080 пиксели, а и…

Апр 16, 2015

Најголемо спасување на подводно богатство во историјата

Богатството лежело на морското дно откако парабродот City of Cairo на пат од Бомбај во Индија кон Англија во 1942 година бил потопен од германска подморница. Бродот со терет од стотина тони сребро кое припаѓало на британското министерство за финансии бил на дното од морето 772 км. јужно од св.Елена, на длабочина од 5 км. Среброто, останатите скапоцености и металните пари патувале кон Лондон за да ја финансираат британската воена машинерија, но таму никогаш не пристигнале. Бродот бил торпедиран од страна на германска подморница на 6 ноември 1942 година. И бродот и богатството се сметаа за ис…

Апр 15, 2015

Камерата на новиот iPhone носи “револуција” во мобилната фотографија

Паметните телефони за многумина се замена за класичните дигитални фотоапарати и фотографиите и видеозаписите ги прават со телефоните. Сепак, за оние кои малку посериозно се занимаваат со фотографија, квалитетот и можностите на камерата од телефон не се доволни и не можат да им конкурираат на DSLR фотоапаратите. Во Apple тоа ќе се обидат да го променат во иднина и можеме да очекуваме голем напредок на камерите кои оваа компанија ќе ги вградува во идните модели на iPhone. Имено, спрема информациите на TechCrunch, Apple вчера ја превзеде израелската компанија LinX за 20 милиони долари, чија сп…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top