Предвидувањата дека најпопуларната социјална мрежа Facebook наскоро ќе почне да паѓа и ќе пропадне се покажаа лоши и се покажа сосем спротивното а тоа е дека Mark Zuckerberg и неговата компанија од дигитално огласување ќе заработи неверојатни 60 милијарди американски долари.По проценката дека оваа година во on-line трговијата ќе се свртат неверојатни 350 милијарди долари, во Facebook увиделе дека не смеат да останат вон трката по дел од колачот. Токму тоа ги натерало да ја тестираат можноста да може да се купува директно на нивната страница, што за нив ќе има повеќекратна корист. Прво, кори…
Растот на цената на акциите на азиските берзи се должи најмногу поради стабилизирањето на кинескиот пазар кој зајакнува втор ден по ред. Поради тоа спласнаа стравувањата дека ќе се повтори неодамнешниот крах на берзата во Кина, кога само во три недели цените на кинеските акции се стрмоглавија за повеќе од 30%.
Позитивно на пазарите влијаеа и вчерашните цени на акциите на Wall Street, благодарение на бизнис резултатите на технолошките џинови како што се Google, Netflix и eBay.
Доброто расположение на пазарите е резултат и на намалувањето на напнатоста околу Грција, откако се согласи да спр…
Јапонската компанија Тојота повлекува околу 625.000 возила ширум светот. Причината е отстранување на грешката во софтверот на хибридите која може да доведе до исклучување на моторот во движење.
Од Тојота се правдаат дека засега немало несреќен случај.
Моделите на кои се однесува повлекувањето ја вклучуваат Пирус V серија, конкретно моделитe Пирус Алфа и Пирус + (во зависност од пазарот), произведени во период помеѓу мај 2010 година и ноември 2014 година.
И порано Тојота имаше проблем со нисправни воздушни перничиња, а тогаш беа повлечени 5 милиони автомобили.
На 17 јули ќе помине една година од падот на авионот на Malaysia Airlines со 298 патници над источна Украина. Истрагата за несреќата во која немаше преживеани сеуште не е завршена, но CNN пишува дека извештајот на холандските безбедносни служби укажува дека авионот е срушен со проектил BUK и дека го испукале проруските бунтовници.
Но, извештајот исто така со прст вперува и во Malaysia Airlines бидејќи кобниот лет МН17 од Амстердам за Куала Лумпур одел преку воена зона и покрај предупредувањата на можни опасности, за што постојат пишани записи. Другите авиокомпании воглавно ги сменија рутит…
Новите мерки вклучуваат зголемување на ДДВ кое ќе им донесе вкупно 2,39 милијарди евра, а останатите приходи би пристигнале од зголемување на данокот од осигурувања, данокот на добивка, данок на луксузна стока, данок за бродови поголеми од 5 метри, данок од моторни возила со поголема јачина на моторот, како и додатни даноци на оние кои имаат примања поголеми од 30.000 евра, пренесуваат грчките медиуми. Воедно, во овој пакет мерки се зголемува и старосната граница за одење во пензија. Законските предлози за промени на низата на даноци и пензискиот систем би требало на Грција да и донесе пор…
Кинескиот регулатор за хартии од вредност вчера објави дека врши истрага во компанијата Hundsum Technologies, поврзана со џинот за интернет трговија Alibaba, а сомнежите се темелат дека се вплеткани во неодамнешните превирања на пазарот со акции.Платформата за вложувања на Hundsom, HOMS, овозможува на финансиските компании и на своите клиенти алатки за тргување, вели американската агенција за финансиски вести Bloomberg. Кинеската регулаторна комисија објави дека организирала полициска инспекција во Hundsom во потрага по докази за можно кршење на прописите за хартии од вредност, но детали за…
“Во потполност ја превземам одговорноста за грешките, превидите и потпишувањето на овој текст во кој не верувам, но кој морам да го спроведам”, рекол грчкиот премиер, Алексис Ципрас во интервју за грчкиот јавен сервис.
Тој додал дека договорот за новиот пакет на помош постигнат на самитот на еврозоната била “лоша ноќ за Европа”, а договорот е “наметнат” на Грција, а кој истовремено ја спасува Атина од излегувањето на еврозоната и банкрот.
Ципрас, исто така, рекол дека водел борба да не се намалуваат платите и пензиите, додавајќи дека фискалните прилагодувања во договорот се поблаги од при…
Веќе од порано Booking Now апликацијата е достапна за iOS на Apple и компатибилните уреди, вклучувајќи го и паметниот часовник Apple Watch, па затоа компанијата се одлучи и за пазарот кој го држи Google и неговиот Android. Иако имаат звучно име, компанијата која стои зад Booking.com сервисот е свесна дека не е водечка во сегментот на туристички планирања и резервации, но апликацијата за Android секако би требала да им донесе раст на бројот на корисници. Дали е правиот момент за продукција на апликацијата во екот на туристичката сезона е тешко да се каже, но ако во Booking.com така процени…