Сопственикот на Zara, Amancio Ortega од пред неколку дена и официјално е најбогатиот Европјанец и втор најбогат човек на светот.
Неговиот имот во последната година, и покрај кризата, се зголемил за импресивни 10,4 милијарди долари. Сопственикот на најголемиот синџир на продавници за облека го смени Warren Buffet на местото втор најбогат човек на светот спрема листата на Bloomberg.
Имотот на Ortega се проценува на 71,5 милијарди долари, а американскиот инвеститор е тежок 70,2 милијарди, додека на чело сеуште се наоѓа сопственикот на Microsoft, Bill Gates со рекордни 85,5 милијарди долари.
…
Германскиот синдикат на пилоти кој е во отворен конфликт со управата на Lufthansa веќе една година, најави штрајк за 8-ми септември кој ќе ги погоди прекуокеанските летови од Германија и теретниот сообраќај.
Штрајкот, тринаесетти по ред во последните година и половина, ќе започне во 6.00 по GMT, а ќе заврши во 22.00 часот.
Синдикатот на Cockpit и Lufthansa се во конфликт помеѓу другото и поради условите за одење во пензија на пилотите.
Во соопштението на синдикатот се нагласува дека се согласил на важни отстапки, но дека не нашол разбирање кај управата.
Научници од Универзитетот Кембриџ развија сосем посебна веб апликација наречена Apply Magic Sauce која има само една намена и задача а тоа е да ја процени вашата личност исклучително врз основа на вашиот профил на Facebook. Не е потрбно ништо да правите, освен да се логирате на веб страницата со вашиот Facebook профил и да проверите дали е ова навистина тестот кој може да ве процени подобро од вашите пријатели, роднини, брачни партнери, колеги…Сето ова се прави врз основа на вашите “лајкови” кои ги оставате на Facebook.
Британските научници тврдат дека направиле алатка која е во состојба…
Бројот на жртви од ерупцијата на вулканот Семеру на островот Јава во Индонезија се искачи на 15, а 27 лице сè уште се водат како исчезнати.
Спасувачките напори продолжуваат и денеска по одложувањето предизвикано од лошите временски услови, меѓу кои ужарените остатоци и калта предизвикана од поројните дождови.
Најмалку 56 луѓе се хоспитализирани, најчесто со изгореници.Џиновски столб од пепел и жежок гас се издигна 15 илјади метри на небото, кога највисокиот вулкан на Јава, Семеру, еруптираше на 4 декември. Неколку блиски села беа покриени со пепел, а речиси 3000 домови, училишта, патишта …
Голема е бројката на лица кои се борат со минусите на тековните сметки, а некои се толку должни што и покрај платата сеуште се наоѓаат во голем негативен минус. Кога се нема заштеда најважно е да се соочите со долговите и да започнете полека со намалување.
Кога рамнотежата помеѓу вашите приходи и расходи е нарушена, единствено решение или да почнете помалку да трошите или да заработувате повеќе.
Прв чекор: Пресметајте колку должите – Префрлањето од една сметка на друга е лажење себеси со правата бројка која навистина ја должите. Така можете да се лажете сѐ додека не се соочите со вистинск…
Илјадници граѓани се собраа во центарот на главниот град на Молдавија, Кишињев, во најголемите улични протести во историјата, барајќи оставка од претседателот на државата Николае Тимофтиј и предвремени избори поради банкарска измама од една милијарда долари која го нарушила животниот стандард на граѓаните.
Спрема полициските податоци во центарот на градот се собрале помеѓу 35 и 40.000 луѓе, иако организаторите од новата Граѓанска платформа DA тврдат дека ги има три пати повеќе.
Со извиците “Победа! Вратете ја милијардата назад!” протестантите бараат оставка на Тимофтиј и предвремени претс…
Јакната ја дизајнирал 29-годишниот студент Hiral Sanghavi, а таа во себе содржи сѐ што на било кој патник може да му затреба. Така јакната има петнаесетина функции меѓу кои се и вградено перниче за спиење, маска за очи и специјален џеб со полнач за мобилни телефони.
Sanghavi изјавил дека неговата првична цел била по пат на кампања на Kickstarter да собере 20.000 долари, но на крајот собрал неверојатни 9,19 милиони долари и со тоа ја довел својата јакна до статусот на најфансцинантен предмет за облекување.
За CNN изјавил дека идејата за креирање на јакната ја дала неговата сопруга, дизајне…
Луѓето се расфрлаат и даваат скоро милион фунти за да живеат под морето во Дубаи каде се градат 42 вили кои се оддалечени околу 4 километри од брегот на Дубаи.
Апартмани од 158 квадратни метри се на пазарот на најлуксузни недвижнини, а чинат околу 894.000 фунти.
Во продажба има само неколку додека другите се продадени и пред да бидат завршени.
Секоја вила ќе има три спрата, а нив ќе ги карактеризира големата висина за да овозможат величенствен поглед на спектакуларниот морски свет.
Кујна, дневна соба и купатило ќе имаат на долниот кат под нивото на морето. На вториот кат, кој е исто так…