Ставањето на „терористичката“ листа на државната служба за финансиски мониторинг, „Росфинмониторинг“, значи дека Навални и членовите на неговиот тим се предмет на ограничувања на банкарските трансакции и треба да бараат одобрение секогаш кога сакаат да ги користат нивните сметки.
Водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор една година, е вклучен во листата на „терористи и екстремисти“ на руската федерална служба за финансиски мониторинг, „Росфинмониторинг“, јави новинската агенција „Франс Прес“ (АФП).
Одлуката е дел од мерките за репресија против опозицијата и кр…
Пред помалку од три години бројни пазарни аналитичари и новинари говореа за Facebook како издуван балон кој има многу корисници на кои не може доволно да се заработи и ја критикуваа мобилната стратегија на Zuckerberg, додека некои пак препорачуваа и продажба на акциите на оваа компанија. Ова се случуваше недолго по излегување на берзата и неколкуте месеци тргување со акциите на Facebook и се чинеше дека се заканува права катастрофа за компанијата.
Ситуацијата овие три години радикално се смени, а колкав напредок е постигнат во времето од излегување на берза до денес најдобро говорат подато…
Иако важи за политички и економски мотор на Европа, Германија е мотор и во незаконски финансиски работи, стои во извештајот на Европската мрежа за долгови и развој (Eurodad) која брои 46 невладини организации од 20 европски држави.
Нивната студија за 15 европски држави, кои ја пренесоа водечките светски медиуми, истакнува дека постојат сериозни закани на создавањето транспарентен даночен систем во Европа базиран на еднаквост, а една од најголемите пречки е Германија.
Критиките до најголемото европско стопанство се нечесни даночни договори со развиените држави, недоволно транспарентен реги…
Српското министерство за култура не се изјаснило кој донесол одлука за гасење на државната медиумска куќа, а директорката на агенцијата, Бранка Ѓукиќ, вчера го известила уредништвото на весникот и претставниците на синдикатот дека Танјуг официјално не постои од 31 октомври.
Работниците ќе работат до крајот на месецов, а потоа ќе добијат отпремнина, а вкупната бројка на вработени во оваа агенција е 180.
“Не сме официјално известени, но неофицијално добивме информација дека агенцијата Танјуг престанува да постои и дека на вработените ќе им бидат исплатени плати за октомври, како и дека ќе д…
Twitter сервисот за социјално умрежување и микроблогирање, своето популарно “favorite” копче го замени со “like”, односно црвено срце кое ќе функционира токму како некогашната ѕвездичка.
Компанијата со овој потег очигледно е дека сака да привлече нови корисници.
“Twitter сакаме да го направиме поедноставен, а ѕвездичката e збунувачка за новите корисници”, рекол Akarshan Kumar, продукт менаџерот и додал “можете да сакате многу работи, но не можат сите да ви бидат омилени”.
Откако ова лето ја тестираа новата карактеристика, Twitter ја овозможи за корисниците. Тестовите покажале дека луѓето…
Рускиот авиопревозник вели дека е невозможно да се работи за техничка или пилотска грешка што предизвикало преполовување на авионот, јавува Sky News.
Портпаролката на Kogalymavia, компанијата која раководи со летот на Metrojet рекла дека само “некаков удар” можел да предизвика авионот да започне да се распаѓа за време на прелетот над Египет.
Екипажот на авионот не јавил за никакви проблеми за време на 23 минутниот лет пред да исчезне од радарите. Во несреќата загинаа 244 лица.
Фамилиите на жртвите во Египет ќе започнат со идентификација на своите блиски во понеделник во Санкт Петерсбург …
Голем пожар денеска изби во Светскиот трговски центар во Хонг Конг, а околу 300 луѓе беа заробени на кровот од зградата.
Пожарот бил пријавен нешто по пладне по локално време и за само половина час бил карактеризиран како инцидент од трет степен, пренесува „South China Morning Post“.
Исто така, медиумите наведуваат дека најмалку 13 лица се повредени во зградата која има дури 38 ката. Властите соопштија дека околу 1 250 луѓе биле евакуирани, вклучително и лица задржани на покривот каде што избегале од пожарот.
Властите соопштија дека успеале да изгаснат поголем дел од пожарот. Еден од р…
Првиот патнички авион во Кина излезе денес од монтажната лента во Шангај по седум години развој и неколку одложувања.
C919, авионот кој го произведе државниот индустриски авио конзорциоум COMAC, има 158 седишта и стандарден домет на летање од 4.075 километри.
Авионот прв пат ќе полета идната година, а потоа уште три години ќе има пробни летови пред да биде спремен за комерцијална употреба, известила официјалната новинска агенција Xinhua.
За ова летало С919 веќе има 517 нарачки од 21 клиент, соопштил COMAC, а пренесува Xinhua.