Ное 28, 2015

30 години од првото Yugo во САД

Пред 30 години Застава го извезе првото Yugo GV на американскиот пазар и го понуди на купувачите по цена од 3.990 долари. Годишницата на доаѓањето на Yugo во САД ја одбележа британскиот BBC со текст “последниот навистина ужасен автомобил”. Британците потсетуваат дека GV означувало “Good Value”, односно добра понуда. Тврдат дека маркетиншката порака од самиот почеток била осудена на пропаст. BBC потсетува дека за влегувањето на Yugo на американскиот пазар е заслужен Malcolm Bricklin, кој го искористил фактот дека кон средината на ‘80-те во САД било пожелно секој да поседува евтино и економ…

Дек 17, 2021

Најмалку 27 загинати при пожар во јапонска клиника

Над дваесетина луѓе загинале кога пожар зафатил медицинска клиника во јапонскиот град Осака. На 27 лица им бил дијагностициран „срцев удар и респираторен застој“. Овој термин често се користи во Јапонија пред официјално да се потврдат смртните случаи. Полицијата истражува дали пожарот бил подметнат, јавуваат јапонските медиуми, наведувајќи дека ден постар маж наводно донел кеса од која истекла запалива течност и се запалила. Се верува дека мажот бил пациент во клиниката за ментално здравје, сместена на четврти кат од висококатницата. По интервенцијата на пожарникарите, пожарот бил изгаснат.

Ное 28, 2015

Исламска држава има бројни извори на финансирање

За да ја уништи најокрутната и најбогата терористичка организација на светот, Исламската држава, Западот засилено ги бомбардира нафтените полиња и цистерните на џихадистите, спроведува трговски санкции и ги отстранува финансиерите. Но, за да се уништат екстремистите очигледно ќе треба многу повеќе отколку што се чинеше на почетокот, пишува News.com.au. ИД од нафтените полиња кои ги окупираа на сиријскиот режим годишно заработува половина милијарда долари, а ја продаваат дури и на самиот Башар ал-Асад. Clive Walker од универзитетот во Лидс тврди дека се направени многу илегални трговии со …

Ное 27, 2015

На повидок е пресврт? Ердоган побарал средба со Путин

И покрај напнатоста на релација Москва-Анкара, Таип Ердоган побарал состанок со Владимир Путин. Кремљ денес соопшти дека турскиот претседател Таип Ердоган побарал состанок со рускиот претседател Владимир Путин на 30 ноември во Париз. “Предлогот на турската страна за состанок на ниво на шефови на држави е предаден до претседателот”, рекол портпаролот Дмитриј Песков. “Тоа е сѐ што можам да кажам”. Путин и Ердоган ќе учествуваат на глобалниот самит за климатски промени кој почнува на 30 ноември во Париз. Песков исто така рекол дека западните земји не се спремни да се обединат во заедничка …

Ное 27, 2015

Терористите во Париз убивале со калашникови произведени во Застава од екс Југославија

Германските власти го уапсиле трговецот со оружје кој на терористите на Исламската држава, кои ги изведоа нападите во Париз, им продал автоматски пушки. Спрема документите кои истражителите им ги доставиле на државниот обвинител, напаѓачите од Париз, четири калашникови нарачале преку интернет од 34 годишен шверцер со оружје во Германија на почетокот на ноември, известува Bild, а пренесува RT. Четирите автоматски пушки, две АК-47 произведени во Кина и две М70ѕ произведени во Застава во некогашна Југославија, осомничениот Sascha W. од Baden-Wurttemberh на 7 ноември им ги продал на купец од …

Ное 26, 2015

Хакирана интернет страницата на Исламска држава

Хакерската група Ghost Sec, поврзана со познатите Anonymous, ја срушила интернет страницата која се нарекува исламистичка и наместо пропагадни пораки кои ги праќаат милитантите објавиле порака “смирете се” и реклама за Виагра, пишува Independent. На читателите на порталот им оставиле пораки дека на неа има премногу ISIL. “Зголемете ја својата смиреност. Премногу луѓе се занимаваат со ISIL. Ве молиме да ја погледате оваа прекрасна реклама за да ја подобриме вашата инфраструктура и да ви дадеме содржина на ISIL по која очајнички тежнеете” напишале хакерите на страницата.

Ное 26, 2015

Viber со новата верзија овозможи нови опции

Сигурно барем еднаш ви се случило да пратите порака на погрешна личност, а како за инает, тие пораки обично содржат нешто што не е за сечии очи. Популарната апликација Viber од сега на сите корисници им нуди можност да ги избришат пораките кои се пратени на погрешно место. Новата верзија на Viber 5.6.5 овозможува бришење на пораките од разговорите, а со тоа не се остава никаква трага откако ќе се избришат, односно пријателите нема никогаш повеќе да ги видат. Доволно е да се означи пораката која сакате да се избрише, кликнувате на “delete” и се одбира опцијата “delete for everyone”. Покр…

Ное 25, 2015

Лоши вести за планетава

Оваа година веројатно ќе биде најтоплата година од прединдустриската доба, објави во Женева Светската метеоролошка организација (WMO). Поради глобалното затоплување и силниот феномен Ел Нињо просечните глобални температури оваа година ќе бидат за еден степен над оние забележани помеѓу 1880 и 1889 година, објави климатската агенција на Обединетите нации. Површината на океаните, исто така, достигнале рекордни температури, а концентрацијата на штетни гасови во атмосферата го преминале прагот од 400 честички на милион во оваа година. “Тоа се лоши вести за планетата”, рекол генералниот секрет…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top