Дек 23, 2015

LG претстави правосмукалка на иднината

Сѐ повеќе луѓе класичните правосмукалки ги менуваат со роботи кои можат да се програмираат така што, додека сопствениците на станот се на работа, тие темелно ја чистат куќата. Веројатно најпозната компанија на овој пазар е Roomba која во својата понуда има и роботи за чистење на плочки и базени, а свој удел на пазарот бараат и компаниите како Toshiba, LG и други. LG неодамна го претстави HOM-BOT Turbo+, робот правосмукалка кои доаѓа со некои интересни опции кои овозможуваат темелно чистење, а може да послужи и за надзор на станот или куќата. Благодарение на дополнителната апликација за пам…

Дек 23, 2015

Експлозија на аеродромот во Истанбул

Во експлозијата која се случила минатата ноќ на аеродромот Sabiha Gocken во Истанбул настрадале две лица задолжени за чистење на авионот на Pegasus, но причината за експлозија засега не е позната, соопштила авио-компанијата. Авиопревозникот соопшти дека експлозијата се случила околу два часот по полноќ, кога во близина немало никој и се случила во делот за оддржување на авионот повредувајќи притоа два члена на одделот задолжен за чистење на авионите. Полицијата опремена со заштитни прслуци и пушки воспостави безбедносни мерки на влезовите на аеродромот и истовремено ги проверувала возилат…

Дек 22, 2015

Бројот на бегалци во ЕУ премина еден милион

Бројот на бегалци и имигранти кои по копно или море пристигнале во ЕУ премина еден милион, а 3.600 на тој пат загинале или исчезнале, објави агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNHCR) и Меѓународната организација за миграции (IOM). Половина се Сиријци кои бегаат од војната, 20% се Авганистанци, а 7% Ирачани, соопштиле двете агенции во заедничкото соопштение. Од 1.005.504 доаѓања во Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Малта и Кипар до 21 декември, големото мнозинство од 816.752 пристигнале по морски пат во Грција, се вели во соопштението. “Знаеме дека миграциите се неизбежни, тие …

Дек 22, 2015

BMW казнет за возилата кои не поминале “crash” тест

Американските регулатори за безбедност во сообраќајот изрекоа казна од 40 милиони долари на германскиот производител на автомобили BMW поради пропусти во повлекувањето на возилата кои не го поминале таканаречениот “crash” тест, односно тестирање на возилата при судир. Националната агенција за безбедност на патиштата (NHTSA) наведува дека компанијата признала дека не ги почитувала американските стандарди за навремено повлекување на возилата кога се работи за отповикување на моделот Mini Cooper Hardtop со две врати, кој паднал на тестовите во 2014 и 2015 година, пренесува агенцијата France P…

Дек 18, 2021

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди Грција

Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала, го погоди утрово јужниот дел на Грција. Епицентарот на потресот бил меѓу Пелапонез и Крит. Грчкиот институт за геодинамика соопшти дека центарот на потресот бил на длабочина од 58 километри. Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот се почувствувал од Атина до Крит. Нема информации за повредени и за материјална штета.

Дек 21, 2015

“WWW” го слави 25-от роденден

Целата приказна тргна во 1989 година, кога е усвоен правилникот за изработка на world wide web. Но, како официјален почеток, на мрежното поврзување кое апсолутно го смени светот каков што дотогаш го имавме, се смета 20 декември 1990 година. Токму тогаш Tim Berners-Lee, британски научник кој работел на CERN, на својот компјутер ја лансирал првата интернет страница. Сè потоа е историја бидејќи по експанзијата во деведесетите, денес, без претерување, е невозможно да се замисли било кој сегмент од животот без силната технологија која се крие зад кратенката “www”. Секако дека не може да се каже…

Дек 11, 2015

Исламска држава ја финансираат и оние кои се борат против неа

“Исламска држава продава нафта на режимот на Асад” рекол Adam Szubin, висок функционер на американското министерство за финансии. “Тие настојуваат да се уништат меѓусебе а сепак учествуваат во трговијата со нафта вредна милиони долари. Количините за кои зборуваме и сумите пари се огромни”, рекол Szubin. Тој истакнува и дека “далеку најголемата количина” на нафта од Исламската држава завршува под контрола на Асад додека дел се троши во подрачјата на Исламска држава, но и дека дел завршува во курдските региони и Турција. Szubin истакнал дека “мал дел ја преоѓа границата во Турција”. Милит…

Дек 10, 2015

Zuckerberg со порака до муслиманите – Овде сте секогаш добродојдени

По неодамнешниот терористички напад во САД, во кој пар радикални муслимани убиja 14 лица, републиканскиот претседателски кандидат Donald Trump рече дека на муслиманите треба да им се забрани во потполност влегување во САД. Оваа негова изјава предизвика лавина на реакции и критики ширум светот, а некои се плашат дека ваквите изјави на кандидатите за најважната и најмоќна позиција на светот би можеле да доведат до нови конфликти и напади на исламистите врз САД. Додека некои муслимани праќаат пораки до Trump во кои му порачуваат дека нивните деца војуваат против тероризмот во Ирак и Авганистан…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top