Фамилиите на жртвите не се уверени дека остатоците пронајдени на францускиот остров, Reunion, во Индискиот океан, се остатоци од малезискиот патнички авион МН370 кој исчезна од радарите пред две години за време на летот од Тајланд кон Кина. Тие изразиле фрустрации поради, како што велат, неспособноста на малезиските власти во истрагата околу исчезнатиот авион.
“Нашето разбирање за неспособноста се недостаток на транспарентност и сочуствата на малезиските власти низ целиот процес и не ни дава причина да веруваме на најавите и мотивите во истрагата на моменталните траги. Се прашуваме што ќе …
Папата Франциско и рускиот патријарх Кирил се сретнаа во Куба и поглаварите на источната и западната црква се прегрнаа по прв пат по расколот од пред скоро илјада години.
По завршувањето на разговорите набиени со емоции, прва средба по скоро илјада години од расколот, поглаварите на Католичката и водечката Православна црква изразиле жалење “за раните нанесени во конфликтите помеѓу христијаните во далечното и блиско минато”.
“Свесни за бројните пречки кои треба да се совладаат, се надеваме дека нашата средба ќе придонесе во обновата на тоа единство по божјата волја”, нагласиле во заедничка…
“Одреден број пати групата Исламска држава употребувла хемиско оружје на воените подрачја и може да произведе мали количини на иперит”, изјавил директорот на централната разузнувачка служба на САД, John Brennan во интервју за каналот CBS.
Тој додал дека “CIA верува дека Исламската држава има капацитет и да произведе мали количини на иперит”.
На прашањето дали тие можат да извезуваат хемиски супстанци за користење вон Ирак или Сирија, Brennan одговорил дека тоа е можно.
“Затоа е важно да се пресечат патиштата за достава со кои се служат џихадистите”, рекол тој.
Во вторникот координаторо…
Новиот Титаник проект е дело на австралискиот милијардер Clive Palmer и неговата компанија Blue Star Line. Бродот практично ќе изгледа идентично како оригиналниот – должината на бродот ќе биде 270 метри, висината 53 метри, а тежината 40 илјади тони. Репликата на бродот со најнесреќна карма во историјата ќе има девет нивоа со 840 кабини во кои ќе можат да се сместат 2.400 патници и 900 членови на екипажот.
Клучната разлика помеѓу новиот и стариот брод ќе биде во бројот на чамците за спасување кој Титаник не ги имаше доволно поради што при неговото потонување се спасија само 706 лица, а се у…
НАТО денес одлучи да учествува во поморската операција во Егејското море за да помогне во решавање на бегалската криза, рекол во Брисел американскиот министер за одбрана Ештон Картер по завршувањето на состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО.
НАТО со оваа одлука одговори на барањето на Германија, Турција и Грција кои побараа сојузот да помогне во надзорот на морската граница помеѓу Грција и Турција и во борбата против криумчарите кои по тој пат илегално ги пренесуваат бегалците од Турција во Грција.
“НАТО и нејзините членки се сложиле денес дека ќе ја поддржат и ќе учеству…
Американските авиокомпании и туристичките агенции во средата побараа од владата на претседателот Џо Бајден да ја укине обврската за вакцинираните патници да покажат негативен тест за коронавирус за да можат да влезат во Соединетите Американски Држави, со цел закрепнување на туристичкиот сектор.
Закрепнувањето на секторите за туризам и воздушен транспорт зависи од одлуката на владата да ги укине ограничувањата кои повеќе не се оправдуваат со сегашните околности – напишаа околу 30 професионални здруженија во писмо до координаторот за борба против Ковид-19 во Белата куќа, Џефри Зиентс.
…
На денешен ден, пред 76 години, светот ги запозна легендите со прикажување на првиот цртан филм “Том и Џери”. Светот за прв пат ги запозна мачорот Том и неговиот ноќен кошмар глувчето Џери. На многумина овие јунаци им го одбележаа детството, а тешко е да се најде достоинствена замена.
Првата епизода е прикажана на 10 февруари во 1940 година, а наречена е “Puss Gets the Boot”. Овој продукт на Вилијам Хана и Џозеф Барбера е номиниран за Оскар, а иако не го освои, ги освои срцата ширум светот.
Оттогаш овој двоец полни 17 години пишуваше и продуцираше авантури на Том и Џери, а потоа се враќаа…
Google сака безбеден интернет, а ако му се помогне во намерата да ги обезбеди вашите профили, по повод денот за безбеден интернет, наградува со додатни 2GB простор на Drive.
Но, за да ги добиете, Google бара подобро да го обезбедите вашиот профил.
Процесот е едноставен и ќе ви одземе неколку минути. Станува збор за преглед на податоците за изминатите пријави, освежување на безбедносните прашања и уредувањето на листата на уреди и апликациите кои имаат пристап на профилот.
За да ги добиете додатните 2GB на cloud просторот треба да се направи следното:
-Пријавете се на својот Google профи…