Основачот и сопственик на познатиот светски производител на мебел, IKEA, Ingvar Kamprad, во документарен филм прикажан на шведската телевизија TV4 признал дека својата облека ја купува по “бувљаци” заради штедење.
Kamprad, кој на 30 март навршува 90 години, за TV4 рекол дека му се чини оти сѐ што поседува и што носи од гардероба е купено на “бувљак”.
Шведскиот милијардер е четврти на листата најбогати на Forbes и познат е по штедењето. Тој рекол дека се облекува на “бувљаци” бидејќи на тој начин дава добар пример на останатите, но и дека таквиот животен став влијаел на тоа IKEA да стане е…
Како што пренесува Пинк а пишува B92, ракети со должина од 1,5 метри биле во просторот за багаж на авионот кој е на редовна линија на Air Serbia Бејрут-Белград.
Ракетите биле во сандаци и имале пропратна документација, а во склад со редовната процедура биле истоварени од авионот, но полициските кучиња го намирисале експлозивот.
Сандаците веднаш биле обезбедени и отворен е случај, а во тек е проверка на документацијата.
Авио-компанијата Air Serbia доцна синоќа соопштила дека тоа е карго пратка која се транспортира понатаму и дека компанијата помага во истрагата во врска со пратката.
“Пот…
Мерењата во опсерваторијата Мауна Лоа на Хаваите покажале пораст на нивото на СО2 , а научниците тврдат дека тоа е резултат на комбинација од човечки активности и временскиот феномен Ел Нињо. Тие, исто така, истакнуваат дека најновите податоци го зголемуваат притисокот врз светските лидери во потпишувањето на ратификуваниот климатски договор од Париз, пренесува BBC.
Мауна Лоа е најстара светска станица за атмосферски мерења кои датира од 50-те години на 20 век. Таа се третира како една од најважните опсерваториски станици на глобално ниво.
Научниците веруваат дека Ел Нињо донесол суши во …
Компјутерските арамии кои ја нападнаа централната банка на Бангладеш се обиделе да украдат една милијарда долари, но откриени се откако украле 80 милиони долари, објави Reuters.
Цитирајќи ги банкарските службеници, Reuters објави дека бандата која стои зад нападот користела украдени уверенија за преносот на пари да изгледа законито. Ако биле реализирани сите барања, бандата ќе извлечеше една милијарда долари. Меѓутоа, трансферите се прекинати кога обемот на барања предизвикал сомнежи кај другите банки.
Се верува дека хакерите кои стојат зад нападот избегале со околу 80 милиони долари, што…
Бројните технолошки компании ги наградуваат своите безбедносни истражувачи кои ќе пронајдат пропусти во нивниот софтвер и за тие проупусти ги известат на време за да се поправат, пред за тоа да дознаат хакерите или криминалците кои тоа можат да го злоупотребат.
Една од тие компании е и Facebook кој неодамна својот безбедносен истражувач Anand Prakash го наградила со 15 илјади долари за пропустот кој го пронашол и кој му овозможил пристап до сите профили на оваа социјална мрежа. Овој пропуст, кој Prakash го открил во февруари, е поврзан со процесот на ресетирање на лозинката при што Faceboo…
Во Словенија бил притворен маж кој во изминатите два месеци седум пати се вакцинирал против ковид-19, а кривично ќе одговараат уште четворица други, на чие име се вакцинирал човекот за да може да добијат ковид-сертификати.
Хина, повикувајќи се на словенечките медиуми, објави дека тие се товарат за манипулација при вакцинацијата, зашто намерно ги довеле во заблуда здравствените власти за да им издадат ковид-потврди. Тие може да добијат до три години затвор.Според полицијата, четворицата мажи кои не сакале да се вакцинираат, за пари ангажирале лица со социјални потреби, кое во различни центр…
Денес во Брисел се одржува вонреден самит на лидерите на Европската унија и лидерите на Турција посветен на мигрантската криза.
Европската унија ѝ вети на Турција 3 милијарди евра за да обезбеди сместување за мигрантите и чекор по чекор да го запре нивниот прилив кон Европа.
Пред самитот германската канцеларка Ангела Меркел и холандскиот премиер Марк Рут се сретнаа со турскиот премиер Ахмет Даватоглу во турската амбасада во Брисел. Се очекува дека членките на Унијата ќе бараат од Турција да прими назад илјадници мигранти кои немаат услови за азил во надеж дека така ќе се затвори балканска…
Цената на нафтата на светските берзи минатата седмица растеа, втора седмица по ред, бидејќи инвеститорите се надеваат на намалување на производството и зголемување на побарувачката.
На лондонската берза цената за барел нафта во петокот изнесуваше 38,72 долари, што е за околу 10% повеќе отколку пред една седмица. На американските берзи минатата седмица заврши со 5,5% повисока цена, односно 34,57 долари.
На овој начин продолжи опоравувањето на цената на црното злато откако во февруари падна на најниското ниво во последните 12 години, на околу 26 долари по барел. Од тогаш до сега цената скок…