Четврти на листата на Forbes а гардероба купува на “бувљак”

Акумулираното богатство на Kamprad се проценува на 640 милијарди шведски круни

 |  инфодеск  | 

Основачот и сопственик на познатиот светски производител на мебел, IKEA, Ingvar Kamprad, во документарен филм прикажан на шведската телевизија TV4 признал дека својата облека ја купува по “бувљаци” заради штедење.

Kamprad, кој на 30 март навршува 90 години, за TV4 рекол дека му се чини оти сѐ што поседува и што носи од гардероба е купено на “бувљак”.

Шведскиот милијардер е четврти на листата најбогати на Forbes и познат е по штедењето. Тој рекол дека се облекува на “бувљаци” бидејќи на тој начин дава добар пример на останатите, но и дека таквиот животен став влијаел на тоа IKEA да стане еден од светските водечки брендови во светот.

“Природно е луѓето кои се родени во Smaland да бидат економични”, рекол Kamprad кој е по потекло од тој земјоделски регион на југот од Шведска.

Богатството на Kamprad и неговото семејство и фамилијарниот фонд се проценува на 65,6 милијарди евра, а фондот е регистриран во Лихтенштајн, држава која е позната по даночни олеснувања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top