Најмалку 17 цивили загинаа денеска, а 14 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во Дамаск, јавија сириските електронски медиуми. Според сириската државна телевизија, во автомобилот имало околу 200 килограми експлозив. Експлозијата се случила во близина на еден безбедносен објект на патот кон аеродромот, на крстосницата која води до светилиштето Сит Зејнаб, популарно меѓу шиитските верници од Иран и Либан. Очевидците тврдат дека безбедносните сили го оградиле местото на експлозијата. Единицата за борба против тероризмот започна истрага за да го утврди идентитетот на напаѓачот. Ова е…
Иран планира наскоро да лансира ракета за носење сателит во орбитата, според иранските медиуми.На средбата со преставници на иранската заедница во Њујорк, претседателот Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Иран наскоро ќе истрела ракета со 16 мотори, способна да изнесе сателит вo орбитата, на височина од околу 650 километри.Сателитот веројатно ќе биде телекомуникациски или истражувачки, за потребите на метеорологијата, забележаа светските агенции. Иран досега не споменувал дека има планови за лансирање во орбитата на сателити со воена цел.Техеран, овој месец, соопшти дека кинеска ракета во орбит…
Исламистичката група која ја презеде одговорноста за нападот врз хотелот „Мариот“ во Исламабад, се закани со нови напади ако Пакистан не ја прекине соработката со САД.Во телефонска порака до новинари, групата „Федаин ал ислам“ го споменува сопственикот на „Мариот“ по име.„Сите оние, кои ги олеснуваат американските и натовските крстоносци како сопственикот (Саддрудин) Хасуани, ќе продолжуваат да добиваат удари“, се истакнува во пораката, напишана на англиски јазик.Данската служба за разузнавање и безбедноср соопшти вчера дека нејзин службеник загинал во бомбашкиот напад врз хотелот „Мариот“….
Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД истражува во четири од главните финансиски институции во земјата, чиј финансиски крах придонесе администрацията на Џорџ Буш за да го изготви планот за спасување, во вредност од 700 милијарди долари, пренесоа светските агенции.Агенциите се повикуваат на американските медиуми кои цитираат двајца анонимни претставници на организации за заштита на правата на граѓаните.ФБИ проверува дали има можни измами во двата американски хипотекарни гиганти „Фани Меј“ и „Фреди Мак“, врз кои контрола воведе Министерството за финансии на САД – што претставува најрадика…
Според најновите информации, најмалку девет лица се убиени во денешната престрелка во училиште во финскиот град Каухајоки. Претходно беше јавено дека полицијата го фатила и разоружала напаѓачот.Засега нема официјални информации за бројот на настраданите, меѓутоа се стравува дека бројката на загинати може да биде многу поголема.Американската телевизија Си-Ен-Ен јавува дека напаѓачот се обидел да се самоубие, но не успеал. Неколку луѓе се ранети, но точниот број не се знае.Според наводите на финската телевизија YLE, полицијата соопштила дека до пукање дошло во едно училиште во градот Каухајок…
Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска усвои политичка декларација посветена на Африка, со која светските лидери се обврзуваат на овој континент да му помогнат во намерата до 2015 година двојно да ја намали сиромаштијата и неписменоста.Учесниците на собирот посветен на развојните потреби на Африка оценија, се наведува во декларацијата, дека елиминирањето на сиромаштијата, особено во Африка, претставува најголем глобален предизвик за светот денеска.Повеќе од 40 шефови на држави и влади, заедно со првите луѓе на светската организација, учествуваа на конференцијата во седиштето на О…
Едно лице загина, а петмина беа повредени во нов терористички напад извршен синоќа од баскискатаа сепаартистичка организација ЕТА во Северна Шпанија, соопштија шпанските власти.Нападот бил извршен со автомобил бомва во градот Сантона, во областа Калабрија. Во експлозијата биле нанесени и сериозни материјални штети.Анонимно лице се јавило телефонски пред експлозијата од името на ЕТА и упатило предупреудвање за бомбата.Други два напади со автомобили-бомби беа извршени изминатата ноќ во Земјата на баските во Северна Шпанија. Во нападите беа повредени седум луѓе.Властите ја обвинија ЕТА дека ст…
Mark Zuckerberg и екипата неуморно работат на нови услуги со кои сакаат да ги задржат постоечките корисници на Facebook, но секако и да привлечат нови. Facebook Live е еден од тие новитети која овозможува директно од својот телефон или некој друг уред да репродуцирате видео запис во реално време. Иако ова не е новитет бидејќи постојат бројни сервиси и апликации кои овозможуваат live streaming на видео материјал сепак кога ова го овозможува Facebook тогаш се работи за една димензија повеќе. Едноставно бидејќи Facebook и понатаму е најпопуларна социјална мрежа на планетата, па аналогно на тоа…