Новоизбраниот американски претседател Барак Обама ја поддржа кандидатурата на Чикаго за Олимписките игри во 2016. година.Функционерите кои ја претставуваа кандидатурата на Чикаго на состанокот на Европскиот олимписки комитет во Истанбул, вчера емитирале видео снимка на кој Обама ја поддржал кандидатурата на американскиот град за Игрите во 2016. година.Обама рекол дека неговата администрација ќе внесе „свежина” со која Америка ќе ги решава светските проблеми, додавајќи дека Олимписките игри се „шанса Америка да го нагости светот, но и да го зајакне пријателството на глобално ниво”.Новоизбран…
Се чини дека скандалите на Евросонг оваа година пристигнуваат порано. Имено, на снимањето на една емисија од прославата на роденденот на Фауд Бацковиќ Дин, и по некоја чаша повеќе, физички меѓусебе се пресметале членовите на босанско-херцеговската екипа за Евросонг, пренесува Радио Сараево.
Сведоците велат дека на снимањето биле присутни Фауд Бацковиќ Дин, Далал Мидхат-Талакиќ, Јасмин Фазалиќ и Ана Руцнер. Од сеуште непознати причини одеднаш полетале боксови и шишиња. На снимањето се нашол и авторот на песната како и продуцентот Алмир Ајановиќ кој го нападнал раперот Јасмин Фазлиќ и му го …
Остатоци од неолитска земјоделска населба стара 6.500 години, открија грчките археолози во централниот дел на Грција.Грчкото Министерство за култура соопшти дека се пронајдени остатоци од дрвени и глинени куќи, камен алат, грнчарија и грнчарска печка.Остатоците од населбата се пронајдени при ископувања за гасовод во Тесалија, 280 километри северно од Атина.Според соопштението, населбата ја уништил пожар, кој ги испекол и зацврстил глинените делови од куќите. {loadposition content9}
Германците во целина се поголеми песимисти за иднината отколку која и да било друга европска нација, покажува заедничкото проучување на двата социолошки институти во земјата.Анкетата е извршена од Центарот за социолошки проучувања во Берлин и Центарот за социолошки проучувања и методологија во Мајнхајм.Истражувањето утврдило дека само 30 отсто од Германците веруваат дека ќе биде подобро во следните пет години – процент кој е помал од просечното ниво за 27-те земји на ЕУ.„Можеби тој песимизам се должи на нешто во германската култура“, рече Хајнц-Херберт Нол, еден од главните социолози во Мај…
Новата тенденција во Албанија на семејство со се помалку деца е се поизразена по 90-те години на минатиот век. Ова го потврдуваат од албанското Министертво за здравство, од каде наведуваат дека пред 90-тите години од минатиот век годишно биле регистрирани по 85 илјади новороденчиња, додека лани бројот на новороденчиња изнесува 35 илјади. „Фактот дека, годишно, имаме околу 50 илјади раѓања помалку, доволно зборува дека популацијата, како и во другите земји, и кај нас старее,“ изјави Рубена Моисиу, директока на гиниколошко-акушерската клиника „Кочо Глижени“ во Тирана. Според неа, причините за…
Хилари Клинтон се двоуми дали да ја искористи можноста да стане државен секратер во идната влада на Барак Обама или да остане во Сенатот, додека екипа на новоизбраниот претседател на САД го испитува финансирањето на фондацијата на нејзиниот сопруг.Предлогот на Обама, Хилари Клинтон да стане негов „топ“ дипломат е обвиткан во мистерија и спротивставени сигнали, кои се закануваат да му го „помрачат“ патот кон власта во Белата куќа, нагласува весникот.Познато е дека повеќето од соработниците на Обама се однесуваат резервирано кон назначувањето на неговата поранешна соперничка на толку висока п…
Ракета-пресретнувач истрелана од бродот „Чоукај“ на јапонската Воена морнарица не успеа да погоди маневарски балистички проектил, во рамките на вежбата на вооружените сили на Јапонија на која беше симулиран ракетен напад од Северна Кореја. Ракетата-пресретнувач „Стандард мисајл 3“, лансирана од противракетниот систем „Иџис“ од американско производство, ја загубила балистичка ракета кон која била истрелана само неколку секунди пред предвидениот термин за нејзино погодување.Засега нема информации за причините за овој неуспешен ракетен тест, спроведен во водите на Тихиот Океан во близина на Ха…
Кина и одобри на Куба заем од 70 милиони долари за обновување на здравствени објекти, како и неповратен кредит од 10 милиони долари за социјално-економски проекти во рамките на меѓусебните договори потпишани во Хавана од страна на претседателите на двете земји, Ху Џинтао и Раул Кастро.Кредитот од 70 милиони долари е вториот дел од склучениот договор во 2004 година за одобрување на 350 милиони долари, кои се наменети за модернизација на здравствените објекти во Хавана.Кинеската Влада, исто така, и даде на Куба и неповратна помош од 10 милиони долари за социјално-економски проекти, кои дополн…