Ирачкиот новинар Мунтадар ал-Заиди, кој со чевли го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш бара азил во Швајцарија.Заиди, кој во затвор во Багдад чека почеток на судењето, се плаши за својата безбедност, пишува весникот цитирајќи го неговиот адвокат. Од моментот на апсењето тој повеќе пати е претепуван, има скршена рака и ребра и внатрешни крварења, изјави минатиот месец за Би-Би-Си неговиот брат Дархам. Адвокатот Погија рекол дека го конактирало семејството на Заиди кое испратило писмо до швајцарското Министерство за надворешни работи и побарало помош Заиди да добие политички азил во та…
Во Брисел денеска се очекуваат важни преговори меѓу министерот за економија и финансии на Грција Јанис Папатанасиу, комесарот за економските и валутни прашања Хоакин Алмунија и претседателот на Еврогруп (совет на министрите за финансии од Еврозоната).По студениот туш од Европската комисија со прогнози за нула еконоски раст и голем дефицит, што отвара врата за воведување мониторинг, Владата бара кредит во време. Според весникот, ЕК ќе соопшти дека еконопмскиот раст на Грција ќе биде на нула, а буџетскиот дефицит повеќе од три проценти БДП. {loadposition content9}
Бомбашки напад е извршен утрово врз германската амбасада во Кабул, во која избувнал пожар по експлозијата. Најмалку четворица американски војници се повредени, а според очевидци, загинале и тројца авганистански цивили.Портпарол на амбасадата изјавил дека не може да даде никакви детали, но според западни медиуми, на спротивната страна на улицата од амбасадата се наоѓа американска база.Според американскиот воен портпарол, потполковник Крис Кубик, четворица војници биле повредени од шрапнели од експлозијата. Неколку автомобили исто така биле уништени. {loadposition content9}
Во резолуцијата, усвоена со големо мнозинство синоќа, Генералното собрание настојува за безусловно почитување на резолуцијата 1860 на Советот за безбедност од 8 јануари.Текстот појаснува дека тоа го вклучува упатениот повик за неодложно воведување на трајно и целосно запирање на огнот, кое што ќе води до целосно повлекување на израелските сили од Газа и слободно распределување хуманитарна помош во Појасот Газа.Резолуциите на Генералното собрание немаат задолжителен карактер.Претседателот на Генералното собрание Мигел д’Еското изјави дека резолуцијата е усвоена со 142 гласови „за“, шест „пр…
Дигиталната валута наречена Bitcoin со која се прават интернет тргувања во истоимената дигитална платежна мрежа доби важна лиценца од Европската Унија. Имено, министерството за финансии на Луксембург издало лиценца со која се одобрува Bitcoin да стане платежна валута внатре во границите на Европската Унија.
Со оваа лиценца Bitcoin ќе стане валута која ќе може да се применува при проценката на вредноста на добрата и услугите, како и вредноста на останатите физички валути. ЕУ со овој потег ќе добие увид во движењето на валутите, т.е. таа ќе остава свои траги, додека челниците ќе имаат поголе…
Авион „Ербас А 320“, на американската авиокомпанија „Ју Ес ервејс“, со над 150 патници, се урна во студените води на реката Хадсон, во близина на аеродромот во Њујорк „Ла Гвардија“, пренесоа светските агенции. Непосредно пред инцидентрот, авионот полетал од „Ла Гвардија“ за Шарлот, во Северна Каролина. Тој се обидувал да се врати на аеродромот откако се судрил со јато птици. Според првичните податоци птиците оштетиле два мотора на авионот. Портпаролката на Федералната администрација за авијација (ФАА) соопшти дека сите патници од авионот се извлекле неповредени и без опасности се извадени о…
Албанија ќе уништи најмалку 85.000 тони опасна муниција и оружје од комунистичкиот период, рече министерот за одбрана Газменд Окета.„Најмалку 85.000 тони оружје и муниција треба да се уништат бидејќи претставуваат опасност за националната безбедност”, рече Окета за АФП и додаде дека ова мора да се стори до 2010 година.Окeтa рече дека тоа оружје се наоѓа во неадекватни магацини близу населени места.„Најмалку 54.000 тони ќе бидат демонтирани во воените фабрики, а 31.000 ќе бидат уништени со експлозии на полигоните”, рече албанскиот министер и истакна дека полигоните се наоѓаат на југот на зем…
Израелски копнени единици навлегуваат во густо населените реони на градот Газа, соопштија агенциите, повикувајќи се на очевидци. Во офанзивата учествуваат хеликоптери и тенкови. Уште три станбени блокови се гаѓани со танкови. Илјадници Палестинци ги напуштаат домовите. Засега не е познато дали ова е споредна операција или почеток на нова фаза во офанзивата на Израел против Хамас. Досега командата на израелската армија одбиваше да пристапи кон поактивни дејствија во градот Газа, каде вооружените членови на Хамас подобро го познаваат теренот и се способни да дадат сериозен отпор, а тоа може д…