Израелски единици навлегуваат во густо населените реони на градот Газа

Израелски копнени единици навлегуваат во густо населените реони на градот Газа, соопштија агенциите, повикувајќи се на очевидци.

 |  Крсте Голабовски  | 
devojce
девојче

Израелски копнени единици навлегуваат во густо населените реони на градот Газа, соопштија агенциите, повикувајќи се на очевидци.
Во офанзивата учествуваат хеликоптери и тенкови.

Уште три станбени блокови се гаѓани со танкови. Илјадници Палестинци ги напуштаат домовите.
Засега не е познато дали ова е споредна операција или почеток на нова фаза во офанзивата на Израел против Хамас.

GazaДосега командата на израелската армија одбиваше да пристапи кон поактивни дејствија во градот Газа, каде вооружените членови на Хамас подобро го познаваат теренот и се способни да дадат сериозен отпор, а тоа може да доведе до нагло зголемување на жртвите меѓу израелските војници.
Портпарол на вооружените сили за израелското радио изјави дека Израел веќе му нанесе “сериозен удар” на Хамас и сега политичкото раководство на земјата треба да одлучи дали да продолжи со офанзивата.

Рано утринава палестински групи истрелаа најмалку седум ракети врз Израел, соопштија агенциите. Нема податцои за жртви и оштетувања.
Новата израелска операција во градот Газа почна само неколку часа пред во земјата да пристигне генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, посочуваат агенциите.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top