Најголемата машина на светот вредна 4,6 милијарди долари, големиот хадронски удирач или трагач по таканаречената божја честичка, која се наоѓа во швајцарскиот CERN застана со работа откако мала ласица се вовлекла во неа и го прегризала струјниот кабел. При тоа ласицата настрадала од ударот на 66.000 волти напон од трансформаторот кој ја покренува машината.
LHC бил под полн напон кога научниците забележале сериозна електрична пертурбација во раните утрински часови во петокот. Пратена е инспекција која го открила несреќното животно во одделот за енергетика кој ја снабдува машината со електри…
Најмалку 109 новинари и медиумски соработници се убиени или загинале во несреќни случаи при извршување на своите работни задачи минатата година, се наведува во извештајот за слобода на медиумите во светот подготвен од Меѓународната федерација на новинарите (МФН).Оваа бројка е значително помала во споредба со жртвите во 2007 година, кога загинаа 175 медиумски претставници.Според МФН, Ирак продолжува да биде најопасното место за новинарите, и покрај драстичното намалување на убиствата на претставниците на седмата сила. Во 2008 година во Ирак се убиени 16 новинари, додека претходната 65. Помал…
Стареењето на европскиот парк од електроцентрали, предизвикано од недостигот на инвестиции, како и растечките енергетски потреби на Европа, ќе доведат до големо зголемување на цените на струјата.Намалувањето на инвестициите во традиционалната и алтернативната енергетика заради кризата ќе доведе до стареење на европските електроцентрали и големо поскапување на струјата, се наведува во истражувањето на консултантската компанија A.T. Kearney. „По излезот на светската економија од рецесија цените на струјата во Европа ќе се зголемат за над 50%”, прогнозираат експертите. Европските електроцентра…
Германската канцеларка Ангела Меркел го повика папата Бенедикт XVI јасно да каже дека Ватикан не дозволува никакво негирање на холокаустот.Овој е нејзин прв, невообичаено остар, одговор на одлуката на Папата да рехабилитира четворица католички бискупи, од кои еден го негира постоењето на холокаустот.Меркел, ќерка на протестантски свештеник, рече дека обично не ги коментира внатрешните работи на Црквата.„Меѓутоа, друго е кога зборуваме за фундаменталните прашања“, рече Меркел.„Мислам дека е фундаментално прашање ако – поради одлуката на Ватикан се создаде впечаток дека холокаустот може да се…
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган потврди дека неговата земја целосно го отфрла антисемитизмот.Тој нагласи дека Турција е подготвена и понатаму да посредува во постигнувањето мировен договор меѓу Израел и Палестинците, објавија агенциите.Турскиот премиер во четвртокот на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, по острата расправа со израелскиот претседател Шимон Перес, нагло ја напушти конференцијата и се врати во Турција.Ердоган нагласи дека критизирањето на Израел не е антисемитизам, и оти неговата држава ги гарантира сите права и безбедноста на тамошната еврејска заедница…
Иран за првпат лансира сателит во орбитата од сопствено производство.„Иран го лансира во орбитата својот прв сателит што е нов успех на иранските научници кои работат во услови на санкции“, јави медиумот. Беше емитувана репортажа за лансирањето на сателитот Омид (надеж) со иранската ракета-носач Сафир. ОН воведе санкции спрема Иран оти САД и други западни држави сметаат дека Техеран се обидува да произведе нуклеарно оружје. {loadposition content9}
Чешка, претседавач со Европската унија (ЕУ), ќе се насочи кон решавање на глобалната економска криза, најави синоќа чешкиот премиер Мирек Тополанек.Според него, од “животно значење“ за ЕУ е во март, да ги преточи во пракса конкретните решенија за кризата што државите-членки ги усвоија во декември. Тополанек, по заседанието на чешката Влада, изјави дека Самитот на ЕУ на 19 и 20 март, би требало да договори и нови мерки што заеднички би ги преземале државите на ЕУ за да ја надминат кризата. Тие веќе договорија финансиска инјекција за европската економија во висина од 200 милијарди евра. Топол…
Американскиот претседател Барак Обама дозволи продолжување на „тајните летови“ на Централаната разузнавачка агенција (ЦИА) за префрлање на лица осомничени за тероризам и за терористичка активност на сослушување во трети земји, каде човековите права не се доволно почитувани и каде е можна тортура за изнудување признание, пишува лондонски „Тајмс“.Според весник, како што јави дописникот на МИА од Лондон, налогот кој е потпишан на 22 јануари е продолжување на правото што ЦИА го доби за време на претходната администрација на доскорешниот претседател Џорџ Буш и во САД и во Европа се означува како…