Во Италија конечно беше укината смртната казна. Двата дома на италијанскиот Парламент ја одобрија ратификацијата од Италија на Протоколот 13 при Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, со кои се укинува смртната казна.Италија го ратификуваше документот уште во мај 2002 година.Во италијанскиот Службен весник беше објавена одлуката на двата парламентарни дома, со што официјално се наведува дека во Италија повеќе нема смртна казна.Процедурата беше поздравена од генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис, кој потсети дека Италија е 41-та европска земја, која …
Се очекува министрите за надворешни работи на земјите од НАТО да пристапат кон нормализирање на односите со Русија на претстојната денешена средба во Брисел, на која тие и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе разгледаат заеднички дејствија против екстремистите во Авганистан.Средбата временски се совпаѓа со првата официјална посета на Хилари Клинтон на Европа како државен секретар на САД.Односите меѓу НАТО и Русија драстично се влошија по конфликтот во Грузија од минатиот август, но земјите од Алијансата, вклучувајќи ги и САД, се заложија поактивно за заедничките интереси со Москва,…
Социјалните мрежи за многумина станаа своевиден сурогат за реалниот живот, а најмногу тоа се однесува на најпопуларната мрежа на светот Facebook. Парадоксално е тоа што сите се згрозуваме од нарушувањето на приватноста и воајеризмот на интернет, а во исто време со забрзан ритам се објавуваат постови кои се однесуваат на интимата, вклучувајќи ги и фотографиите. Но, тоа е цената на лудите технолошки времиња во кои се живее и границата помеѓу виртуелното и реалното е тешко приметлива и тоа што ниту во лудило не се прави во реалниот живот се прави на социјалните мрежи…
Особено во овој поглед…
Кина објави дека за воени расходи оваа година се предвидени 480,6 милијарди јуани (70,24 милијарди долари). Таа сума е поголема од ланскиот буџет за одбрана за „скромни“ 14,9 отсто, посочиофицијален претставник на кинеските власти. Според него, зголемениот буџет за одбрана ќе се искористи „за да се подржи суверенитетот и интегритетот на Кина и не претставува закана за која и да е држава“. Буџетот за одбрана на Кина е 1,4 отсто од БДП. Зголемувањето ќе се искористи главно за зголемување на платите, за информатички технологии, за мерки против тероризмот и внатрешна безбедност. За споредба, бу…
САД испраќаат двајца високи претставници на Белата куќа и на Стејт департментот во Дамаск за политички преговори со сириското раководство, изјави вчера во Ерусалим американскиот државен секретар Хилари Клинтон.Вршителот на должноста заменик-државен секретар Џефри Фелтман и помошник-советникот по прашањата за национална безбедност Даниел Шапиро, кој е задолжен за Блискиот Исток, ќе пристигнат денеска во Дамаск. Двајцата високи американски функционери ја придружуваа Клинтон за време на нејзината блискоисточна турнеја.Фелтман и Шапиро денеска ќе се сретнат со сирискиот министер за надворешни р…
Вкупно 26 новинари се убиени при извршување на службените задачи во првите два месеца од оваа година. Лани во истиот период таа цифра беше 16, предупреди денеска организацијата за заштита на новинарите во зозни на конфликт или насилство Press Emblem Campaign. Во јануари загинале 15 новинари додека во февруари загинале 11. Најмногу претставници на медиумите – по четворица, загинале во Газа (за време на израелската офанзива) и во Пакистан. По двајца се убиени во Сомалија, Русија, Мексико, Шри Ланка, Непал, Венецуела и Ирак. По еден новинар бил жртва во Кенија, Филипини, Мадагаскар и Колумбија…
Американскиот претседател Барак Обама испратил тајно писмо до рускиот претседател во кое вели дека ќе отстапи од распоредувањето на новиот систем за ПРО во Источна Европа, ако Москва помогне да биде запрен Иран во намерите да изработи оружје со голем дострел, објави Њујорк Тајмс.Весникот цитира анонимни извори кои велат дека писмото било предадено лично од американски претсатвници пред три недели во Москва. Во него се додава дека САД нема да имаат потреба за остварување на тој план предложен од администрацијата на Буш, ако Иран прекине со напорите за нуклеарни боеви глави и балистички ракет…
Иранското Министерство за нафта објави денеска дека ОПЕК на средба во март нема да донесе решение за намалување на производството Техеран. Министерот за нафта Голам Хусеин Нозари изјави дека државите-членки на картелот „нема да донесат решение да биде намалено дополнително производството на нафта“.Нозари додаде дека државите ќе разгледаат начини за зголемувањена цените на нафтата. Во декември ОПЕК одлучи да го намали производството како мерка против поевтинување на енергенсот. Цените на нафтата се намалија на околу 40 долари за барел од рекордните речиси 140 долари за барел во јули минатата…