НАТО и Русија ќе ги нормализираат односите на средбата во Брисел

Се очекува министрите за надворешни работи на земјите од НАТО да пристапат кон нормализирање на односите со Русија на претстојната денешена средба во Брисел, на која тие и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе разгледаат заеднички дејствија против екстремистите во Авганистан.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Се очекува министрите за надворешни работи на земјите од НАТО да пристапат кон нормализирање на односите со Русија на претстојната денешена средба во Брисел, на која тие и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе разгледаат заеднички дејствија против екстремистите во Авганистан.
Средбата временски се совпаѓа со првата официјална посета на Хилари Клинтон на Европа како државен секретар на САД.

Односите меѓу НАТО и Русија драстично се влошија по конфликтот во Грузија од минатиот август, но земјите од Алијансата, вклучувајќи ги и САД, се заложија поактивно за заедничките интереси со Москва, меѓу кои борбата против исламистите во Авганистан и на други места во светот, како и нуклеарниот спор со Иран.

krstesuvacВо февруари годинава, американскиот потпретседател Џозеф Бајден даде тон за подобрување на односите со Русија, изјавувајќи оти тие треба да се „рестартираат“.
„Топењето на мразот“ меѓу НАТО и Русија започна со неофицијални средби на ниво на амбасадори и политичари.

Вчера дипломатски извори од НАТО во Брисел најавија обновување на официјалните односи на високо ниво со Русија. – Обновувањето на официјалните односи со Русија треба да се реши утре. Тоа е основата на постигнатиот политички компромис. Има принципиелен договор меѓу сојузниците, соопштија вчера изворите.

Компромисот се состои во тоа министрите за надворешни работи на НАТО да објават денеска скорешна вонредна седница на Советот НАТО-Русија на ниво на министри, а во исто време денеска попладне да се сретнат со своите колеги од Украина и Грузија – две поранешни советски републики, кои се стремат кон членство во НАТО и покрај противењето на Москва.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top