Мар 28, 2009

Напад врз салон за автомобили во Атина

Непознати лица нападнаа со „молотови коктели“ еден салон за продажба на автомобили во Атина, притоа потпалувајќи неколку возила, но нема настрадани, соопшти денеска грчката полиција.Според еден очевидец, биле уништени четири автомобили. Околу еден час по инцидентот, група од дваесетина момчиња нападнала полициска патрола во центарот на Атина и оштетила едно возило.Вчера во експлозија на рачна бомба во грчкото пристаниште Пиреј оштетени се три згради и осум возила, но немало повредени лица.Инцидентот во кој полицијата уби едно 15-годишно момче во декември минатата година предизвика серија на…

Мај 15, 2016

Победничката песна на Евровизија донесе низа контроверзи

Победничката песна на овогодинешната Евровизија која ја изведе украинската џез пејачка Jamala, под името “1944” е посветена на депортацијата на Татарите од Крим во 1944 година која ја наредил тогашниот советски лидер Сталин како освета поради соработката со нацистите. Украина, првото место го освои со 534 поени, пред Австралија со 511 и Русија со 491 поен, а Русите важеа за фаворити за првото место. Победничката Jamala (32), чие вистинско име е Susana Jamaladinova, е прва Татарка на Евросонг, која со многу емоции ја изведе песната посветена на нејзината прабаба која била жртва на депортац…

Мар 27, 2009

Силен земјотрес во Јапонија

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска беше регистриран крај бреговите на Јапонија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.Засега нема информации за жртви и причинети материјални штети.Силниот земјотрес бил со епицентар на 165 километри северозападно од Наха – главниот град на префектурата Окинава. Потресот бил на длабочина од 138 километри.Околу една петтина од најсилните земјотреси во светот се случуваат во Јапонија и во регионот.{loadposition content9}

Мар 27, 2009

Баросо ја предупреди Турција за слобода на печатот

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја предупреди синоќа Турција да не носи одлуки кои можат да ја ограничуваат слободата на печатот.„Целосното почитување на слободата на печатот е важна вредност за сите нас во Европската унија, истакна Баросо на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Абдула Ѓул.Претседателот на ЕК го упати тој коментар во одговор на новинарско прашање за глобата во износ од околу 500 милиони долари, која турските даночни власти и ја наложија неодамна на најголемата медиумска група во земјата „Доган“.„Ние го почитуваме целосно суверенитето…

Мар 26, 2009

Рено го преживеа ударот

Управата на францускиот автомобилски гигант „Рено“ ќе ја чувствува економската криза до 2011. година, јавуваат медиумите.Во таа насока, во 2009. година компанијата предвидува отпуштање на 9.000 вработени.Извршниот директор на „Рено“ Патрик Пелата вчера потврди дека „компанијата нема да ги затвора погоните во Франција, сè додека го користи државниот заем во висина од три милијарди евра“.Истовремено, Пелата рече дека компанијата мора да се подготви за намалување на порачките, што ќе трае до 2011 година. {loadposition content9}

Мар 26, 2009

НАТО ги зајакнува позициите

Германија одобри 400 милиони евра за финансирање на разузнавачки систем кој НАТО планира да го изгради до 2012 година на Сицилија, изјави синоќа неименуван германски претставник.Системот на Алијансата за земско разузнавање (АГС) кој ќе му овозможи на НАТО испитување на поголеми површини од високи точки со помош на беспилотни летала, ќе биде сместен на италијанскиот остров Сицилија.Проектот околу кој министрите за одбрана на НАТО постигнаа согласност во февруари, ќе ги чини државите членки околу 1,5 милијарди евра.Најголема корист од проектот ќе има „Нордоп Грумен корпорацијата“ која треба д…

Мар 25, 2009

„Амнести интернешнл“ бара од Белорусија да ја укине смртната казна

Меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ (АИ) апелира до Белорусија да ја укина смртната казна.„Властите во Белорусија треба под итно да воведат мораториум на извршувањето на смртните пресуди, како прв чекор кон целосно укинување на смртната казна, се наведува во соопштението на АИ.Директорот на АИ за Европа и за Централна Азија, Никола Дакурт истакна дека укинувањето на смртната казна ќе ја намали изолацијата на земјата. Белорусија е единствена земја во Европа во која се уште се исполнува смртната казна со стрелање.Белорусија минатата година доби позит…

Мар 25, 2009

Владата на Мирек Тополанек падна

Европската комисија истакна дека очекува Европската комисија да го продолжи ефикасното претседателство со Европската унија, се наведува во декларацијата на ЕК по изгласаната недоверба на владата на Мирек Тополанек.„Европа има потреба од силно водство во овие кризни времиња. А владата, која е претседателствива со ЕУ, а нема доверба, не може да биде лидер“, изјави претседателот на парламентарната група на најголемата партија во Европскиот парламент, Европската народна партија, Жозеф Дол.На веста за падот на чешката влада реагираше и министерот за надворешни рабоити на Луксембург, Жан Аселборн…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top