Апр 15, 2009

Почнува Светскиот економски форум за Латинска Америка

Светски економски форум за Латинска Америка се одржува денеска и утре во Рио де Женеиро, на кој ќе се дискутира за ефектот на светската економска криза врз овој дел од светот.Повеќе од 500 делегати од 35 земји ќе се осврнат и на проблемите на Блискиот исток, Азија и Кина, но и на трговските пречки и протекционизмот.Фокусирајќи се на претстојната економска бура, други интереси на Форумот ќе бидат и смената на американската администрација, причините за економскиот крах, улогата на трговијата со дрога врз социо-економските добра, како и за фосилните горива и алтернативните извори на енергија.С…

Апр 14, 2009

Наздравје да ни е! Нуклеарна централа ке никне во близина на Скадар!

Премиерите на Албанија и на Хрватска би требало кон крајот од месецов да потпишат спогодба за изградба на заедничка нуклеарна електрана во близина на Скадар, пишуваат црногорските медиуми.Централата, според истите извори, ќе чини околу четири милијарди евра, а нејзиниот капацитет ќе биде околу 1.500 мегавати.Изградбата ќе ја изведува “Хрватското електростопанство“, а поголемиот дел од произведената енергија ќе се доставува во Хрватска, наведуваат гласилата.Официјална Подгорица соопшти дека не добила понуда да учествува во проектот за изградба на атомска централа на брегот на Скадарското езе…

Апр 14, 2009

Обама укина дел од трговското ембарго кон Куба

Претседателот на САД Барак Обама укина дел од ограничувањата за патување на американските граѓани со кубанско потекло во Куба, а исто така им дозволи тие да можат да испраќаат пари на своите семејства.Обама ја укина и забраната за американските телекомуникациски компании, кои досега не можеа да добијат лиценци во Куба.Тоа се први чекори на олеснување на трговското ембарго на САД кон Куба, но сепак Обама не го укина во целост. Тој во предизборната кампања истакна дека трговското ембарго ќе остане на сила се додека Куба не се демократизира.{loadposition content9}

Апр 13, 2009

ЕТА планирала атентат врз шпанскиот крал

Членовите на баскиската сепаратистичка организација ЕТА подготвувале атентат врз шпанскиот крал Хуан Карлос, јавуваат шпанските медиуми.„ЕТА подготвила план, испробан во теорија и пракса, чија цел била да го соборат хеликоптерот или авионот со ракета земја-воздух во кој би бил кралот, истрелана во близина на некој аеродром или воена база“, пишува весникот „Корео“.Според истиот извор, меѓу можните жртви на планираниот атентат се и премиерот Хосе Луис Родригез Сапатеро и многу владини министри. {loadposition content9}

Мај 20, 2016

Интерактивна мапа на Live streaming на Facebook

Не е никаква тајна, а уште помалку новитет, дека луѓето само по себе се екстремно контрадикторни. Од многу одамна се знае дека многумина сакаат да видат што се прави во туѓиот двор, отколку да се загрижат што всушност се случува во сопствениот, а откако интернет еволуира и експлодира на глобално ниво целата приказна влезе во нова димензија. Од една страна луѓето се параноични и константно зборуваат за нарушување на приватноста и потенцијалните штети што ги носи интернетот, а од друга страна обожуваат да бидат на социјалните мрежи и да дознаваат што се случува со познати и непознати луѓе. F…

Апр 13, 2009

Билансот на жртвите во Аквила 294 лица, потрагата завршена

Потрагата по преживеаните по катастрофалниот земјотрес кој минатиот понеделник го погоди централниот дел на Италија, е завршена денеска, а билансот на загинатите достигна 294 лица.Последната жртва на потресот е 59-годишен маж кој за време на викендот починал во болница.До вчераутро се пронајдени телата на сите исчезнати лица, но официјални претставници наведуваат дека не можат да ја исклучат можноста дека ќе бидат пронајдени уште загинати во урнатините на градот Аквила и другите погодени градови.Илјадници луѓе кои останаа без своите домови вчера велигденската миса ја славеа во импровизирани…

Апр 11, 2009

Бомбашки напад врз комплекс на банки во Атина

Бомба експлодира утрово пред деловна зграда во јужниот дел на Атина, во која меѓу останатите се наоѓаат и седиштата на грчката „Алфа Банка“ и на француската кредитна компанија „Сетелем“.Како што соопшти грчката полиција, при експлозијата е предизвикана само помала материјална штета и нема човечки жртви.Досега никој не презеде одтговорност за овој бомбашки напад.Минатата ноќ беше подметнат пожар во канцеларија на грчката владејачка партија Нова демократија во атинската населба Кипсели. И за овој напад досега никој не презеде одговорност.Полицијата смета дека зад овие и зад повеќето слични на…

Апр 11, 2009

Двајца убиени во училиште во Мичиген

Две лица се убиени синоќа во средно училиште во градот Дерборн во американската сојузна држава Мичиген.Како што соопшти претставник на полицијата, во една од училниците во училиштето „Хенри Форд“ се пронајдени тела на 28-годишен маж и 20-годишна жена, кои имале прострелни рани.Тој информира дека во училиштето „имало пукање“, но дека засега полицијата нема детали за инцидентот.Едно 12-годишни момче, коие за време на инцидентот се наоѓало во училишната зграда, изјави дека чуло истрели.Анонимен полициски претставник информира дека најверојатно станува збор за убиство и самоубиство. Според него…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top