Делови на Грција денеска беа зафатени од силно невреме, а во Солун загина маж откако со автомобилот бил повлечен од надојдената вода предизвикана од обилниот дожд, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од противпожарната служба на Грција, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел од Солун, додека пак во тек е потрагата по неговото возило.
Силно невреме ја зафати и Атина со обилен дожд и град, а во неколку населби од северниот дел имаше и прекини во снабдувањето со електрична енергија поради поплава на трафостаница.
Како што јави севернокорејската новвинска агенција КЦНА, на состанокот е прогласена состојба на готовност поради нестабилната состојба на Корејскиот Полуостров, но не соопшти повеќе детали за планираните воени активности.
Ким на состанокот се осврнал на организациски прашања, отпуштања, трансфери и нови именувања на високи офицери, а беа разгледани и важни задачи со цел да се направи нов пресврт во целокупната работа на националниот одбранбен сектор.
Пленарниот состанок на Централниот комитет на владејачката Работничка партија на Северна Кореја треба да се одржи во текот на месецот.
Фрејжер имала 17 години, кога ја сними смртта на Флојд во мај 2020 година, при неговото приведување во Минеаполис.
Весникот Стар трибјун (Star Tribune) од Минеаполис доби Пулицерова награда за категоријата „ударна вест“ (breaking news) за убиството на Флојд на 25 мај 2020 година и граѓанските немири што избија прво во Минеаполис, а потоа ширум САД и светот.
Новинската агенција Ројтерс доби награда за мултимедиумски проект наречен „Шилдед“ (Shielded), игра со зборови што значи и полициски значки и заштита и покажува како законите стари половина век ги штитат американските полицајци од го…
Прв случај на бразилската мутација P.1.2 (VOC-21JAN-02) потврдена е во Грција, а според грчките медиуми случајот е регистриран кај маж во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Засега нема информации за тоа како конкретниот сој пристигнал во Грција.
Националната организација за јавно здравје на Грција, во соопштенијата за новите случаи на Ковид-19 во земјата и за епидемиолошката слика, секој четврток ги вклучува и резултатите поврзани со потврдените мутации, па така, според последните податоци, од 1.567 анализирани позитивни случаи во периодот од 15 април до 27 мај 2021 година, најго…
„Технички е завршен морскиот дел од првиот крак на „Северен тек 2“. Поставувањето на цевките заврши на 4 јуни, денес деловите на гасоводот на дното на морето што ги поставија Русија и Германија се меѓусебно поврзани. Подготвителните работи за полнење на цевките со гас ќе започнат утре“, најави операторот.
Исто така, се наведува дека потребните подготвителни работи за полнење на првиот крак со гас ќе траат неколку месеци.
Компанијата прецизира дека работите за поставување на цевки во поморскиот дел од другиот крак на гасоводот продолжуваат, а истите се реализираат во согласност со потреб…
Суд во Франција денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон, на четири месеци затвор, јави телевизијата БФМ.
Тарел претходно призна дека го удрил Макрон, но им рече на истражителите дека не го сторил тоа со умисла.
Обвинителството побара Тарел да биде осуден на 18 месеци, а судиите одлучија да го осудат на четири месеци затвор и 14 месеци условна казна.
За време на посетата на регионот Тан Лермитаж пред два дена, Макрон се приближи до група граѓани за да ги поздрави, а Тарел го фати претседателот за рака и му удри шлака…
Од сабота полицискиот час во Грција ќе биде пократок и ќе почнува во 01.30 часот, наместо 00.30 како што беше досега, а на угостителските објекти ќе им биде дозволено да пуштаат музика, соопшти попладнево заменик министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.
По позитивната препорака од комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство, Хардаљас информираше за одлуките на Владата за дополнително олабавување на мерките.
Од сабота 12 јуни, дозволена е музика во угостителските објекти, кои и понатаму ќе работат само во надворешните делови…
Првиот авион на новата црногорска авиокомпанија Ер (Air) Монтенегро слета утрово на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, со што е означен почеток на комерцијални летови.
Црногорскиот министер за економски развој Јаков Милатовиќ пристигна со авионот од Подгорица.
По банкротот на Монтенегро ерлајнс, Владата на Црна Гора ја основаше авиокомпанијата ТоМонтенегро, која лета под брендот Ер Монтенегро. (МИА)