Екипажот на еден француски товарен брод забележал остатоци на површината на Атлантскиот океан, во подрачјето во кое се претпоставува дека се урнал исчезнатиот авион на Ер Франс.Според бразилските медиуми, остатоците кои ги виделе француските морнари се на истото подрачје близу брегот на Сенегал, во кое пилот на бразилската авиокомпанија ТАМ видел остатоци во пламен од исчезнатиот авион со 228 патници и членови на екипажот.Бразилското воено воздухопловство потврди дека екипажот на ТАМ ги известил за информацијата и оти бразилскиот авион во тој момент се наоѓал во подрачје во кое можел да се …
Бројот на жртвите од глобалното затоплување кон 2030 година, ќе порасне на половина милион луѓе годишно, а 90 проценти од нив ќе бидат од развиените земји.Ова го покажа истражување на меѓународната организација Global Humanitarian Forum, чиј што раководител е поранешниот генерален секретар на Обединетите нации (ОН), Кофи Анан.Поради глобалното затоплување изминативе години, во светот годишно умираат околу 300 000 луѓе, кои најмногу страдаат од суши и поплави.Анан, по објавувањето на извештајот ги повика развиените земји, конечно да преземат конкретни мерки против климатските промени. {loadp…
Леталото исчезна претпладнето од радарските екрани над Атланскиот океан, додека летал од Рио де Женеиро кон Париз. Авионот на парискиот аеродром Шарл де Гол, требало да слета во 11,15 часот по средноевропско време.Напоредно со ова, бразилските воздухопловни власти, цитирани од агенцијата Ројтерс, соопштија дека нивни авиони започнале потрага по леталото на француската компанија. {loadposition content9}
Шведските здравствени власти потврдија два нови случаи на грипот А (Х1Н1) во земјата, со што нивниот број сега изнесува шест лица.Портпаролот на Шведскиот институт за контрола на заразни болести Аника Линде, изјави дека и двајцата пациенти се чувствуваат добро и оти „нема ништо сериозно“.И двајцата претходно ги посетиле САД. Линде соопшти дека 689 лица досега се испитани за присуство на грипот А во Шведска. {loadposition content9}
Франција ќе се погрижи мултинационалните компании кои работат на нејзина територија да ги подмират даночните обврски, порачал министерот за финансии на Франција Мишел Сапин, наговестувајќи нови истраги по оние кои се спроведени за Google и McDonalds.
“Ќе одиме до крај. Можни се и нови случаеви”, рекол Сапин во интервју за Reuters и три европски весници, исклучувајќи ја можноста за договор со Google.
“Ние не склучуваме договори како Велика Британија, ние постапуваме во склад со законите”, одговорил францускиот министер на прашањето дали е можна спогодба со технолошкиот џин.
Google во јану…
Белградската полиција го уапси синоќа Жељко Миловановиќ, главниот осомничен за убиствата на сопственикот на хрватскиот неделник „Национал“ Иво Пуканиќ и маркетинг агентот Нико Фрањиќ.Миловановиќ бил уапсен во белградската населба Дорчол и бил вооружен со пиштол, соопшти српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.Ова е второ апсење поврзано со убиството на Пуканиќ во последните два дена.Хрватска полиција го сомничи Миловановиќ дека на 23 октомври минатата година поставил експлозив пред седиштето на неделникот „Национал“. При неговото активирање загинаа хрватскиот новинар Пуканиќ и Фра…
Северна Кореја активно се подготвува за лансирање на моќна балистичка ракета на почетокот на јуни, јавија јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори во Владата во Сеул.Според истите извори, разузнавачките служби на САД и Северна Кореја имаат сознанија дека моќен систем, што личи на балистичка ракета, бил испратен од фабрика за оружје крај Пјонгјанг во воениот полигон Масудан-ни. Во меѓу време, претставник на Пентагон соопшти дека американските сателити регистрирале раздвиженост во две севернокорејски ракетни бази, што според него, може да значи дека Северна Кореја се подготв…
Некогашниот американски автогигант „Џенерал Моторс“, канадско-австриската компанија за прозвидство на автомобилски делови „Магна“ и германската Влада рано изутринава постигнаа договор за спас од банкрот на германската автомобилска индустрија „Опел“.Како што соопшти германскиот министер за финансии, Пер Штајнбрик, согласно договорот, „Магна“ со поддршка на руската банка „Сбербанк“, ќе стане мнозински сопственик на „Опел“, кој сега е во сопственоста на „Џенерал Моторс“.- Најдовме решение, што ќе овозмжи спас на „Опел“. Бидете уверени дека не беше лесно да се дојде до тоа решение, нагласи Штај…