Шведска денеска го презема шестмесечното претседавање со Европската унија, од својата претходничка Чешка.Приоритети на шведското претседавање ќе бидат отстранувањето на негативните последици на глобалната економска криза, намалувањето на невработеност во ЕУ, како и продолжување на работата на полето на климатските промени.Акцент на претседавањето ќе биде и гарантирање на отвореноста на ЕУ, јакнење на стратешките партнерства, како и на улогата на ЕУ во мултилатералните форуми и во управувањето со кризни ситуации.Како скандинавска држава, Шведска се очекува посебно внимание да намени на север…
Седум лица, меѓу кои најмалку пет ученици, се повредени денеска во престрелка на автобуската станица во Детроит, во близина на средно училиште, соопштија официјални претставници.Состојбата на двајца од повредените е критична, изјави шефот на полицијата Родерик Гримс.Гримс наведе дека непосредно по завршување на наставата, на автобуската станица запрело зелено комби и оти двајца напаѓачи од возилото отвориле оган.Напаѓачите, кои ги покриле лицата, прво повикале некого на станицата по име, по што отвориле оган, пренесува Си-Ен-Ен.Претставник на средното училиште изјави дека наставата ќе продо…
Авион Ербас 310 со 150 патници и членови на екипажот на компанијата Јемениа Ер се урна рано денеска на подрачјето на островите Комори во Индискиот океан.„Не знаеме дали некој од 150-те патници го преживеал падот на авионот“, изјави Иди Надхоим, потпретседател на островската државаТамошни полициски извори, како што пренесува Макфакс, веруваат дека авионот се урнал во море, 15 минути пред планираното слетување во градот Морони.Ербасот 310 бил на лет од јеменскиот главен град, а повеќето патници биле коморски иселеници на пат од Париз.Островската држава Комора ја сочинуваат три вулкански остро…
Најмалку 30 луѓе, меѓу кои и две деца го загубија животот, а 36 се повредени во експлозијата до која дојде по синоќешното излетување од шините на железничката композиција составена од 14 вагони-цистерни со течен гас на северот на Италија, јавија утрово италијанските медиуми.До несреќата дошло кај градот Виареџо, кога пет вагони на товарната композиција излетале од шините, а две цистерни со течен гас експлодирале, предизвикувајќи голем пожар кој ги зафатил блиските куќи. Пет лица го загубиле животот во една од двете згради кои се урнале откако вагоните удриле во нив, додека шестото лице заги…
Бразилската морнарица на фрегата Босисио денеска ќе одржи комеморација на жртвите од несреќата на авионот на Ер Франс, откако ја прекина потрагата.Морнарицата на Бразил во петокот ја прекина потрагата по телата и остатоците од урнатиот авион.Авионот од типот Ербас А330 се урна во водите на Атланскиот океан ноќта меѓу 31 мај и први јуни на лет од Рио де Жанерио до Париз.Никој од 228-те патници и членови на посадата, од вкупно 32 националности не ја преживеа несреќата.Спасувачките екипи досега извадија тела на 51 патник, како и околу 600 парчиња од авионот.Од друга страна Франција ќе продолжи…
Шест нови случаи на грипот А (Х1Н1) се регистрирани во Србија, со што вкупниот број на заболени се зголеми на 11, објавија денеска српските медиуми.Од шестмината нови заразени, тројца се од Нови Сад, двајца од Белград, а едно лице е од Ниш, кое е првиот случај во централниот дел на земјата. Стотина луѓе се наоѓаат под лекарски надзор, бидејќи биле во контакт со заразените.Од сите заболени само тројца се хоспитализирани, а на останатите им е препишана терапија и се наоѓаат во домашен карантин.{loadposition content9}
Во Турција повеќе од 14 луѓе загинаа кога автобус со деца кои патувале на екскурзија излетал од патот. Меѓу загинатите патници во јужна Турција има три момчиња и три девојчиња, а повредени се 24 луѓе.
Несреќата се случила кога автобусот, со кој се враќале децата од екскурзија од познатото археолошко наоѓалиште Каратепе во близина на градот Османија, излетал од патот и завршил во канал, информираат од локалната полиција.Причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат.
Францускиот претседател Никола Саркози предложи референдум за евентуалната автономија на Мартиник, но исклучи можност за независност на тој остров.„Дојдов јасно да ви кажам дека имам намера да ги консултирам жителите на Мартиник за институционалниот развој на нивната територија како што тоа Уставот ми го дозволува“, изјави вчера Саркози, за време на посетата на Фор-де Франс, главниот град на островот.Саркози додава дека жителите на Мартиник „се слободни да изберат пат по кој сакаат да одат“, но дека прашањето за независност на Мартиник, додека тој е на чело на Франција, нема да биде поставе…