Поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт ќе биде дел од експертот тим, кои треба да ја осмисли стратегијата за новиот концепт на НАТО.Екс британскиот министер за одбрана Џефри Хун, исто така, ќе биде меѓу десетината експерти, кои ќе ги постават основите на новата стратешка концепција на НАТО; соопшти синоќа дипломат во Брисел, кој побара да остане анонимен.Сегашната стратешка концепција на НАТО, која на Алијансата и дава одврзани раце да презема дејствија во врска со предизвиците во областа на одбраната и го трасираше воениот и политичкиот развој, беше донесена во 1999 година…
Американскиот претседател Барак Обама од денеска престојува во дводневна посета на Москва, каде ќе се сретне со претседателот и премиерот на Русија, Дмитриј Медведев и Владимир Путин, како и со претставници на политичкиот и јавниот живот во оваа земја. Официјални претставници на двете земји и светската јавност од оваа посета очекуваат најавеното „ресетирање на односите“ да добие конкретни резултати.Московската полиција за време на посетата на Обама ќе работи според вообичаениот режим, меѓутоа преземени се дополнителни мерки за безбедност.За посетата на американскиот претседател формиран е о…
Додека поддржувачите за излез на Велика Британија од Европската унија се во водство, продавачите и изнајмувачите на деловни простори во договорите почнале да ставаат т.н. Brexit клаузула за да, колку толку, го оживеат мртвиот пазар.
Поддршката на Британците за излез од ЕУ на референдумот, кој е закажан за 23 јуни, се зголеми, покажаа резултатите од анкетите кои ги спроведоа TNS и YouGov за телевизиската мрежа ITV. Спрема YouGov, од 3945 анкетирани 45% го поддржуваат Brexit додека 41% се за останување во ЕУ, а 11% од анкетираните биле неодлучни. Анкетата на TNS на 1213 лица покажала дека 43…
Од друга страна блескава победа извојува опозициската партија ГЕРБ предводена од поранешниот градоначалник на Софија Бојко Борисов.Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија – ГЕРБ според проценките освоила меѓу 38 и 41 насто од гласови, додека Социјалистите на премиерот Сергеј Станишев се втора по јачина партија со освоени меѓу 17 и 18, 5 проценти. Бојко Борисов го опиша исходот од вчерашното гласање, како огромен и срамен пораз за вледејачката партија, додавајќи дека новата влада ќе биде формирана што е можно побргу. Прашан дали тој ќе биде наредниот премиер на Бугарија, Борисов одг…
Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, ја назначи Јадранка Косор за премиер на Хрватска, со што за прв пат на оваа функција во државата застанува жена, пишува весникот “Монд“.“Косор ме увери дека располага со неопходно мнозинство во парламентот, затоа и давам мандат, за да формира новат Влада“, го објаснил своето решение Месиќ. Тој додал оти очекува новата влада да води јасна и силна про-европска политика.{loadposition content9}
Соединетите Американски Држави денеска го празнуваат националниот празник – Денот на независноста.На овој ден пред 233 години е потпишана Декларација за независност од британската империја. Американскиот Конгрес всушност ја прифатил Декларацијата за независност на 2 јули 1776 година, меѓутоа таа била одобрена два дена подоцна, со сменета варијанта на документот, по што законодавниот дом побарал овој акт да биде објавен.Поради тоа 4 јули се смета за „роденден“ на САД.И покрај економската криза, во повеќето американски градови денеска ќе се одржат паради, а за подоцните часови се подготвува с…
Северна Кореја истрела шест ракети од своето источно крајбрежје, соопшти Генералштабот на јужнокорејските вооружени сили.Според јужнокорејското Министерство за одбрана шесте ракети биле истрелани во период од осум часа. Јужнокорејските воени власти сметаат дека ракетите се од типот „Скад“ и се со мал дострел од околу 500 километри.Според информациите на јапонското Министерство за одбрана ракетите паднале во Јапонското Море, на неколку стотици километри источно од севернокорејската база до градот Восон, од каде што биле истрелани.Јапонските медиуми, пак, објавија дека Северна Кореја лансирал…
Кралот на Јордан, Абдула Втори го постави со указ својот најстар син Хусеин за престолонаследник.Петнаесетгодишниот Хусеин, чија мајка кралицата Ранија е оп палестинско потекло, ќе ги добие сите права и привилегии на оваа титула, се наведува во указот. Традицијата на јорданската хашемитска династија согласно Уставот од 1952 година е престолонаследникот да биде најстариот син, но монархот има право да предложи и некои од своите браќа.Местото за престолонаследник беше слободно од 2004 година кога Абдула Втори го отстрани својот брат, принцот Хамза, од оваа титула.Кралот Абдула Втори се наоѓа …