Јун 16, 2016

Facebook Messenger воведе нова опција и стана попрактичен

На Facebook Messenger апликацијата сега ќе може да се примаат и праќаат СМС пораки. СМС за Messenger се врати на Android платформата по неуспешниот старт од 2012 и 2013 година. Со овој потег не само што Facebook ја осигура доминацијата во комуникациска смисла, туку осигура и значајна доза на практичност. Иако планот беше прекинат, беше јасно дека во еден момент СМС ќе се врати како интегрирано решение. Читањето на сите пораки на едно место секако е практично, но сега на Messenger за Android ќе може и да се праќаат СМС пораки. Тие ќе се раликуваат по тоа што оние од Messenger ќе бидат со си…

Авг 10, 2009

Тајфунот Етау ја погоди Јапонија

Најмалку девет лица ги загубија животите и 10 се сметаат за исчезнати откако тајфунот Етау ја погоди Јапонија. Како што објавија локални медиуми, поради поројните дождови, поплавите и лизгањето на земјиште во западните префектури Хиого и Окајама загинаа пет луѓе. Во тие префектури десет луѓе се водат како исчезнати. Жителите од источните делови на државата се предупредени за опасност од поплави и лизгање на земјиште.{loadposition content9}

Авг 8, 2009

„Моракот“ тајфунот се приближува кон Кина

Тајфунот „Моракот“ се приближува кон Кина откако помина преку северниот дел на Тајван каде однесе два човечки живота, четворица се сметаат за исчезнати, а 10 луѓе се повредени, соопштија локалните власти. Тајфунот, чија сила вчера се намали, денеска продолжи да се движи над Тајван кон Кина, со ветер кој достигна 119 километри на час, соопшти Централната метеоролошка служба на Тајван.„Моракот“ е најсилен тајфун кој оваа година го погоди Тајван предизвикувајќи откажување на авионските летови и затворање на пристаништата поради ветрот кој дуваше и со 180 километри на час. Претходно тајфунот пр…

Авг 8, 2009

Берлускони останува доследен

Шефот на италијанската Влада Силвио Берлускони, со месеци вмешан во скандали со млади девојки, изјави дека никому не му должи извинување, па ниту на членовите на неговото семејство.Во врска со неодамнешното интервју на својата ќерка Барбара(25), Берлускони на вчерашната конференција за новинарите во Рим заклучил дека ќерката многу го сака.„Мојата ќерка многу ме сака. Ми изрази почитување и љубов“, рече Берлускони.„Во секој случај, нејзиниот татко нема за што да си приговара во врска со приватниот живот. Никому за ништо не треба да му се извинува, ниту на членовите на семејството“, рече итал…

Авг 7, 2009

По Турција исто и Ирак ќе ја следи забраната за пушење на јавни места

Ирачката Влада го разгледува донесувањето на закон со кој би се забранило пушење на јавни места.Тоа ќе биде прв законски проект во земјата каде што палењето цигара е ритуал на иницијација за момчињата.Владиниот портпарол Али Ал-Дабаг вчера изјави дека целта на овој закон е да се намали бројот на луѓето што почнуваат да пушат и да се зголеми свеста за штетноста од пушењето.Ал-Дабаг рече и дека ќе биде забранета продажбата на цигари на малолетниците.Ако законот биде усвоен, пушењето ќе биде забрането на јавни места како државните установи, училиштата, кината и аеродромите. Со новиот закон и в…

Авг 7, 2009

Соња Сотомајор врховен судија на САД

Американскиот Сенат го потврди изборот на Соња Сотомајор за судија на Врховниот суд, со што постана прва особа од латиноамериканско потекло во највисокото судско тело на САД. Сотомајор (55) потекнува од Порторико, а беше номинирана лично од претседателот Брак Обама.Дебатата за потврдување на изборот на Сотомајор, трае од 13 јули и беше одбележана со долга расправија помеѓу Демократите и Републиканците. Додека Демократите сметаат дека Сотомајор е умерена, Републиканците мислат дека таа е пристрасна и ќе протежира многу либерални ставови.Судиите во Врховниот суд се бираат доживотно, а Сотомај…

Авг 7, 2009

Напредок во преговорите за повторно соединување на Кипар

Лидерите на грчката и турската заедница на Кипар постигнаа значаен напредок во преговорите за повторно соединување на таа поделена островска држава.Ова вчера го соопшти пратеникот на Обединетите нации (ОН), Александер Даунер. „Првото читање е завршено. Од перспективата на ОН можеме да кажеме дека тоа е добар напредок кој што покажува дека е остварен значаен напредок во преговорите“, додаде тој.Кипар е поделен од турската инвазија во 1974 година. Претставниците на двете страни ги оживеаја преговорите во септември минатата година, но тие бавно напредуваа по речиси 40 – те состаноци во напуште…

Авг 6, 2009

Годишнина од првиот атомски цивилен напад

Целосна забрана на употребата на нуклеарното оружје, денеска побара градоначалникот на Хирошима, Тадатоши Акиба, по повод 64 годишнината од првиот атомски напад во светот.Над 50.000 лица, меѓу кои и преживеани, како и јапонскиот премиер Таро Асо и претставници на околу 60 земји присуствуваа на комеморацијата на жртвите на нападот.„Целосната забрана на употребата на нуклеарно оружје не е само желба на преживеаните на нападот на Хирошима, туку и на мнозинството луѓе ширум светот“, порача Акиба.Тој ги пофали ставовите на американскиот претседател Барак Обама насочени против нуклеарното вооружу…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top